ВАЛТЕРИ БОТАС JA ПРЕЗЕМА НЕГОВАТА GIULIA GTAM

  • Финскиот возач на Алфа Ромео Ф1 Тимот ја презема неговата лична Giulia GTAm, која претставува максимален израз на стил, механика и спортски дух  на Алфа Ромео. 

  • Валтери Ботас го исполнува срцето на страстното „Племе“ на Алфа Ромео: и од денешниот ден станува еден од 500-те иматели на Giulia GTA, „колекционерски автомобил“, инспириран од победничкиот и незаборавен модел, првороденчето од 1965 година. 

  • Примопредавањето на автомобилот се изврши во продажното место Stellantis&You во Торино. 

  • Валтери Ботас со својата нова Giulia GTA се упати кон Стилскиот центар Алфа Ромео, каде продолжи да работи со проектантскиот тим, каде возачот има главна улога. 

Тимот на Алфа Ромео го пречека возачот на Формула 1 Валтери Ботас во продажното место Stellantis&You во Торино за да му го предаде неговиот нов автомобил Алфа Ромео Giulia GTAm, којшто  финскиот шампион го купи за себе,  во типичната црвена Алфа Ромео боја. Со купувањето на еден од 500-те примероци Giulia GTA, најмоќниот досега произведен автомобил на италијанската марка, Валтери Ботас стана полноправен член на страстното Алфа Ромео „Племе“. 

На примопредавањето на автомобилот на финскиот шампион во Стилскиот центар Алфа Ромео беа присутни сите врвни претставници на марката. Но, тоа не е се, целиот тим заедно со возачот го прослави моментот кој е многу повеќе од „само“ купување автомобил Алфа Ромео. Неговата желба да стане сопственик на „легендарен автомобил“ за марката претставува манифестација на лично поврзување со марката, со која возачот споделува идеали и вредности. Причина за гордост за секој кој припаѓа на италијанското спортско благородништво со исконска вредност уште од 1910 година.

Валтери и тимот ја искористија оваа прилика и за да разговараат за проектите кои се во тек, во кои возачот учествува како носител на главната улога 

Кристијано Фиорио, менаџер на Алфа Ромео F1: „Ова е посебен момент за Алфа Ромео. Валтери Ботас е одличен професионалец, со победнички дух, а доказ за тоа е неговата долга кариера во Ф1, со остварени 10 победи во трките за Големата награда. Неговата подготвеност да стане дел од малиот и ексклузивен круг купувачи на Giulia GTA нè исполнува со гордост. Во свет каде бизнисот често се води со договорни обврски, денес славиме нешто поинакво: Валтери нѝ покажа дека понекогаш страста раководи со нашиот избор. Валтери, добредојде во срцето на нашето „Племе“.“ 

Валтери Ботас, возач на Алфа Ромео F1: „Очигледно, отсекогаш сум бил вљубеник во автомобилите. Но, пред сè, ја сакам марката Алфа Ромео. За мене претсавува чест да бидам амбасадор на маркаат, а сега и да станам купувач, сопственик на една од 500-те Giulia GTA; од техничка гледна точка, Giulia GTA е одличен автомобил, развиен во соработка со Заубер Инженеринг преку искористување на вештините и техничкото знаење што доаѓа директно од Формула 1, но за нас вљубениците во автомобилите и моторспортот, претставува многу повеќе. Giulia GTA воскреснува една од легендите на автомобилизмот, Giulia GTA од 1965 година, и совршено ја претставува ДНК-та на марката, страста за моторспортот, уживањето во возењето и единствената и непогрешлива стилска привлечност“.

Алфа Ромео Giulia GTA:

Алфа Ромео Giulia GTA воскреснува една од легендите на автомобилизмот која претставува и  пресвртница во историјата на марката: Giulia GTA од 1965. Максимален израз на уникатната способност на Алфа Ромео да направи комбинација на стил и спорт, овој модел претставува автентично враќање на корените на Алфа Ромео кои се втемелени во светот на перформансите и грантуризмот.

Giulia GTA е автомобил со високи перфоманси кој произлегува од сериски модел, извонредната Giulia Quadrifoglio. Благодарение на примената на ултралесни материјали, Giulia GTA располага со намалување на тежината до 100 kg во однос на Giulia Quadrifoglio и е опремена со засилена верзија на моторот на Алфа Ромео 2.9 V6 Bi-Turbo од 540 КC co специфична моќност од 187 КC/l.

Инженерите на Алфа Ромео работеа на подобрување на аеродинамиката и управувањето, но пред сè на намалување на тежината: исто како што беше направено за Giulia GTA од 1965. За да се постигнат овие цели, масовно се користеа карбонски влакна и композитни материјали. Аеродинамиката е специјално дизајнирана да ја зголеми потисната сила. Преку ваквите решенија се согледува сето техничко знаење кое доаѓа директно од Формула 1 благодарение на синергијата со Заубер Инженеринг.

Техничарите на Алфа Ромео всушност можеа да ја искористат стручноста и структурите на Заубер Инженеринг. Швајцарската компанија, со над 50 години искуство во моторспортот, од кои 27 во Ф1, стекна исцрпно познавање за аеродинамиката благодарение на воздушниот тунел во лична сопственост, еден од најнапредните во Европа. Тимот на Заубер активно учествуваше во дизајнот, прототипот и производството на аеродинамичките компоненти на новата Giulia GTA.

Акронимот GTA означува „Gran Turismo Alleggerita“ и е создаден во 1965 година со појавата на Giulia Sprint GTA, специфична верзија изведена од Sprint GT, поставена за спортска хомологација и претставена на Саемот за автомобили во Амстердам истата година. Каросеријата на Giulia Sprint GT беше заменета со идентична во алуминиум, за вкупна тежина од 745 кг наспроти 950 кг на патничката верзија. Втората измена се однесуваше на моторот со двојна брегаста осовина и 1570 cm3, кој во конфигурацијата на патнички автомобил, со двојно палење, достигна извонредна моќност од 115 КС. Техничарите на Аутоделта, првиот ред на официјалниот „Оддел за тркачки автомобили“ на Алфа Ромео, го избраа за референтен автомобил за категоријата Туризмо и го развија до максимална моќност од 170 КС. Успехот на натпреварите беше моментен: три последователни „Challenge Europeo Marche“, десетици национални шампионати и стотици единечни трки низ целиот свет. И враќањето на имиџот на гамата беше исто така значајно: Giulia Sprint GTA всушност, најдобро го изразуваше тврдењето „една победа на ден со патнички автомобил“. Оттогаш, GTA влезе во колективната фантазија како неспорна икона на спортскиот дух на Бишоне, а силата на акронимот ја поттикна јавноста да се идентификува со GTA, најспортскиот автомобил на Алфа Ромео воопшто. Конечно, треба да се нагласи дека, како кратенката GTA, името „Автоделта“ е подеднакво иконска марка, чија истоимена фабрика е сместена во експерименталниот центар Балоко, каде го чува своето скапоцено наследство.

Торино, 13 март 2023