Понудата се однесува за верзијата Alfa Romeo Junior Ibrida 136 КС Hybrid eDCT6 по цена 1,823,100 денари со вклучен промотивен попуст.
Достапен и во електрична верзија
ОДЛИКИ КОИ ГО ИЗДВОЈУВААТ
Вистинско Alfa Romeo уживање во возењето и одлична динамика.
Ефикасни спортски карактеристики и извонредна гама со напредна хибридна технологија.
Иновативна технологија и подобрено поврзување за удобност и контрола.
Извонредна просторност за сѐ што ви треба во багажник од 400 литри.
Обликување на совршеност
Уживај во возењето на Alfa Romeo Junior Ibrida, хибриден автомобил со извонредна прецизност и стил, супериорни перформанси и ненадмината изработка. Со својата пространа внатрешност и врвна технологија, новиот спортски компактен хибриден автомобил е подготвен да го направи подобро твоето секојдневие.
ИТАЛИЈАНСКА ЕЛЕГАНЦИЈА ВО ДВИЖЕЊЕ
Единствен стил, извонредна иновативност: префинет израз на италијанскиот дизајн, дополнет со прецизна грижа за деталите.
ВИСТИНСКА СТРАСТ ЗА ВОЗЕЊЕ
Беспрекорна динамика на возење за автентично Alfa Romeo искуство на самодоверба и контрола: неспоредливо управување на пат и перформанси на шасијата во секакви услови на возење.
СПРЕМЕН ЗА СЕКОЈДНЕВНИОТ ЖИВОТ
Извонредна просторност во новиот Alfa Romeo Junior Ibrida со капацитет на багажникот кој надминува 400 литри.
ПОВЕЌЕ МОЖНОСТИ ЗА ПОВРЗУВАЊЕ
Иновативните функции за поврзување нудат беспрекорен спој на најсовремена технологија, апликации и онлајн алатки. Искористи ја моќта на Android Auto™ и Apple CarPlay за целосно интегрирано искуство додека си на пат.
Избери го твојот
Alfa Romeo Junior
Спореди ги верзиите на новата Alfa Romeo Junior и разгледај го секој детаљ за да ја избереш онаа верзија што најдобро одговара на твојата страст.
Надворешност
- 17'' алуминиумски тркала „Turbina“
- Leggenda “Scudetto” V-штит
Внатрешност
- Седишта од ткаенина Icona
- Волан од вештачка кожа
- Рачки за менувачот на воланот
Технологија
- Систем за информирање и забава со екран на допир од 10,25" со 2 USB приклучоци, Bluetooth и гласовни команди
- Периспособлива дигитална инструмент-табла од 10,25'' „Cannocchiale“
- Безжчно поврзување Apple CarPlay и Android Auto™
- Адаптивен темпомат
- Електрично прилагодливи надворешни ретровизори
- Сензор за дожд за бришачи на шофершајбната
- Задни сензори за паркирање
- Аудио систем со 4 звучници
Мотор
- 1.2 Hybrid 136 КС eDCT6
Надворешност
- 18'' алуминиумски тркала „Fori“
- Progresso “Scudetto” V-штит
- Мат црн комплет за каросерија со инсерти од Rosso Brera
- Затемнети задни стакла
Внатрешност
- „Spiga“ ткаенина и винилни седишта со електрично прилагодување и масажа (возач)
- Кожен волан
- Амбиентално осветлување
- LED светла на допир во кабината, напред и назад
Технологија
- Систем за информирање и забава со екран на допир од 10,25" со навигација, 2 USB приклучоци, Bluetooth и гласовни команди
- Систем за препознавање на сообраќајните знаци
- Задна камера со приказ на динамични линии
- Центрирање во лента
- Помош во сообраќајниот метеж
- Аудио систем со 6 звучници
- Електрична врата „hands-free“
Мотор
- 1.2 Hybrid 136 КС eDCT6
СПОЈ НА ЕФИКАСНОСТ И СПОРТСКИ СТИЛ
Искуси ја возбудата на урбаното возење со напредниот хибриден систем на Alfa Romeo Junior Ibrida кој обезбедува вкупна моќност од 136 КС. Спојот на технолошки решенија и дизајн за намалена тежина обезбедува оптимизирана ефикасност и регенерација на енергијата.
Потрошувачка на гориво на Alfa Romeo Junior Ibrida (l/100km): 4,9-4,8; Емисија на CO2 (g/km): 110-109. Вредностите за одобрување на типот се одредуваат врз основа на циклусот WLTP, хомологиран на 23.07.2024 година. Наведените вредности се само за компаративни цели.Потрошувачката на гориво и емисиите на CO2 може да варираат во зависност од реалните услови на користење и различни фактори, како што се дополнителната опрема, температурата, стилот на возење, брзината, тежината на возилото, специфичната опрема (клима, систем за греење, радио, навигација, светла итн.), гуми, услови на патот, временски услови итн.
Сликите се само за илустративни цели. Некои функции може да бидат опционални со дополнителни трошоци или привремено недостапни.
Димензиите на Alfa Romeo Junior Ibrida се дизајнирани така да го отелотворат совршениот спортски компактен автомобил, со должина од 4173 mm и висина од 1535 mm. Багажникот располага со просторен товарен волумен до 415 литри, при што нуди доволно простор за багаж и предмети, што го прави разновиден и практичен избор и за градски патувања и за патувања надвор од градот. Дополнително, достапен е со 17'' и 18'' алуминиумски тркала.
Потрошувачка на гориво на Alfa Romeo Junior Ibrida (l/100km): 4,9-4,8; Емисија на CO2 (g/km): 110-109. Вредностите за одобрување на типот се одредуваат врз основа на циклусот WLTP, хомологиран на 23.07.2024 година. Наведените вредности се само за компаративни цели.Потрошувачката на гориво и емисиите на CO2 може да варираат во зависност од реалните услови на користење и различни фактори, како што се дополнителната опрема, температурата, стилот на возење, брзината, тежината на возилото, специфичната опрема (клима, систем за греење, радио, навигација, светла итн.), гуми, услови на патот, временски услови итн.
Сликите се само за илустративни цели. Некои функции може да бидат опционални со дополнителни трошоци или привремено недостапни.
Поврзи се со нашиот тим
Ќе одговориме на секое твое прашање и ќе те водиме низ секој чекор во процесот на купување.
Решенија за купување
Пронајди ја понудата на финансиски услуги и производи достапни при купување на твојот нов Alfa Romeo автомобил.