ОДЛИКИ КОИ СЕ ИЗДВОЈУВААТ ОД ОСТАНАТИТЕ
Единствен
италијански дизајн
SUV, според ALFA ROMEO
Напредни системи за помош во возењето ниво 2
Совршена распределба на тежината
Оптимална рамнотежа за бескомпромисна динамика во возењето
Потпирање
Alfa™ Link
Извонредна прецизност, максимален комфор
Сликите имаат илустративен карактер, за подетални информации за производот, контактирајте го најблискиот овластен продажен салон на Alfa Romeo.
ALFA ROMEO ИЗРАЗ НА ЗАДОВОЛСТВО ПРИ ВОЗЕЊЕ
Alfa Romeo Stelvio те одржува во контакт со вистинското значење на задоволство при возењето, благодарение на совршената распределба на тежината, одличниот сооднос тежина/моќ, агилноста и леснотијата.
ЗАДОВОЛСТВО ОД ВОЗЕЊЕТО НА SUV ALFA ROMEO
Откриј го вистинското задоволство при возење со Stelvio, благодарение на авангардните технолошки решенија во совршениот стил на Alfa Romeo.
НУРНИ СЕ ВО ТЕХНОЛОГИЈА ОД ВИСОКО НИВО
Системот за информирање и забава на Alfa Romeo Stelvio е опремен со екран на допир Multi-Touch од 8,8". Направи се што ќе посакаш со само еден допир: лесно и интуитивно.
НАЈДОБРОТО ОД ПОВРЗУВАЊЕТО
Поврзи се со твоето Stelvio и со светот. Системот Alfa™ Connect обединува повеќе услуги со што гарантира поврзување од високот ниво, благодарение на компатибилноста со Android Auto™ и AppleCarPlay.
NFT ДИГИТАЛЕН СЕРТИФИКАТ
Alfa Romeo Stelvio е опремен со NFT (Non-Fungible Token) дигитален сертификат. Врз основа на Blockchain технологијата, ја докажува уникатноста на секое возило на начин кој не може да се реплицира или фалсификува, и ја зачувува неговата остаточна вредност.
УБАВИНА КОЈА ЈА ДВИЖИ ТЕХНОЛОГИЈАТА
Alfa Romeo ја усоврши рамнотежата помеѓу страста и најнапредните системи за помош во возењето ниво 2. Со технологија којашто согледува сè околу себе, Stelvio гарантира врвно задоволство и контрола при возењето.
ПОДОБРЕНИ ПЕРФОРМАНСИ
Alfa Romeo Stelvio гарантира возвишено доживување во возењето во чист стил Alfa Romeo, благодарение на гамата од три перформансни мотори, целосно изработени од алуминиум.
Дизел 160
Агилен, со брз одговор: забрзување од 0-100 km/h за само 8.8 секунди, максимална брзина од 198 km/h, и максимален вртежен момент од 450 Nm.
Дизел 210
Напреден, со високи перформанси: 2.2-литри 210 КС Дизел мотор, на кој е прилагоден 8-брзински автоматски менувач и 470 Nm максимален вртежен момент.
Бензин 280
Изненадувачки и моќен: 2.0-литри, турбобензински мотор кој испорачува 280 КС со прилагоден 8-брзински автоматски менувач и и 400 Nm максимален вртежен момент.
Потрошувачката на гориво на гамата Alfa Romeo Stelvio (l/100 km): 8,9 – 5,7; CO₂ емисија (g/km): 202 - 150.
Вредностите кои се хомологирани врз основа на комбинираниот циклус WLTP, ажурирани на ден 21.11.2022, сe дадени индикативно, за споредбени цели.
Димензии
Сликите се прикажани за споредбени цели, за подетални информации за производот, контактирајте го најблискиот овластен продажен салон на Alfa Romeo.
РЕШЕНИЈА ЗА КУПУВАЊЕ
Широк избор на финансиски решенија за купување на Alfa Romeo.
Пробно возење
Закажи пробно возење и имај единствено Alfa Romeo доживување.
Возила на лагер
Откриј ги сите понуди за моментално достапните нови возила на лагер.
Побарај понуда
Доколку избра возило од гамата на Alfa Romeo пополни го формуларот за да добиеш конкретна понуда.