ДОСТАПЕН И ВО ХИБРИДНА ВЕРЗИЈА
Одлики кои го издвојуваат
Чисто Alfa Romeo уживање во возењето и доверба на пат
Автономија 410 km WLTP комбинирано возење. 27 минути за полнење на батеријата од 20% до 80%
Спортска и привлечна внатрешност, насочена кон возачот за несекојдневно доживување
Извонредна просторност со капацитет на багажникот кој надминува 400 литри, за секој тип на патување
Обликување на извонредност
Alfa Romeo Junior Elettrica го издигнува твоето возачко доживување преку супериорна возачка динамика, извонредна агилност и леснотија на пат. Од неговите воодушевувачки перформанси до неговата врвна технологија, овој нов спортски компактен автомобил е спремен да го подобри секојдневниот живот.
Чиста страст на патиштата
Исклучителна динамика на возење за автентична Aалфа Ромео доверба и контрола: супериорно управување на патот и перформанси на шасијата во сите услови на патот.
Извонредна контрола
Alfa Romeo Junior Elettrica има на располагање Ниво 2 на Системи за помош при возењето кои ја подобруваат контролата на возачот и уживањето при возење преку активно следење на околината.
Повеќе можности за поврзување
Иновативните функции за поврзување нудат беспрекорен спој на најсовремена технологија, апликации и онлајн алатки. Искористи ја моќта на Android Auto™ и Apple CarPlay за целосно интегрирано искуство додека си на пат.
Секогаш со полна батерија
Бидете секогаш со полна батерија, наполнете дома или на некоја од јавните станици за полнење на електрична енергија.
Избери го твојот
Alfa Romeo Junior
Спореди ги верзиите на новата Alfa Romeo Junior и разгледај го секој детаљ за да ја избереш онаа верзија што најдобро одговара на твојата страст.
Надворешност
- 18’’ Aero алуминиумски тркала
- Leggenda “Scudetto” V-маска
Внатрешност
- Icona фабрички седишта
- Волан обложен со вештачка кожа
- Прилагодлив преден потпирач за рака, со оддел за предмети
Технологија
- 10.25" Екран на допир за системот за информирање и забава со 2 УСБ порти
- Bluetooth и гласовни команди
- 10.25’’ “Cannocchiale” дигитална инструмент-табла
- Безжичнен Apple CarPlay и Android Auto™
- Електрични надворешни ретровизори
- Сензор за дожд на шофершајбната
- Задни сензори за паркинг
- 4-звучници
Решенија за полнење
- Кабел Mode 3
- 7kW on board charger
Надворешност
- 18’’ Petali алуминиумски тркала
- Progresso “Scudetto” V-маска
- Каросерија во мат црна боја со инсерти во црвена Brera боја
- Затемнети задни стакла
Внатрешност
- Spiga фабрички и винилни седишта со електрично прилагодување (масажер на возачкото седиште)
- Кожен волан
- Амбиентално осветлување
- LED светла на допир во предниот и задниот дел на кабината
Технологија
- 10.25" екран на допир за ситемот за информирање и забава со навигација, 2 УСБ порти, Bluetooth и гласовни команди
- Информација за сообраќајната сигнализација
- Задна камера со динамичка мрежа
- Систем за одржување во коловозна лента
- Астистенција при сообраќаен метеж
- 6-звучници
- Отворање на задната врата без раце, со придвижување на стапалото под браникот
Решенија за полнење
- Кабел за полнење Mode 3
- 11kW on board charger
Надворешност
- 20” Venti алуминиумски тркала со црвени шепи на кочниците
- Progresso “Scudetto” V-маска
- Каросерија во мат црна боја со инсерти во црвена Brera боја
- Затемнети задни стакла
Внатрешност
- Spiga фабрички и винилни седишта со електрично прилагодување (на возачкото седиште)
- Кожен волан
- 60/40 делливо задно седиште на преклопување
Технологија
- Автоматски клима-уред
- Keyless go - стартување на моторот без клуч
- Адаптивен темпомат
- Автономна кочница при незгода, со детектирање на пешаци
- Прилагодливо дно на багажникот со 3 опции
- Електрична рачна кочница
Решенија за полнење
- Кабел за полнење Mode 3
- 11kW on board charger
Пронајди совршен пакет
Технолошки, спортски, елегантен. Со изборот на совршен пакет за твојата Alfa Romeo Junior Elettrica обликувај го начинот на кој ќе се појавиш на патиштата со твојот личен стил и идентитет.
Пакет Техно (Techno Pack)
Подигни го твоето доживување во возењето со врвна технологија за уште подобро поврзување и удобност на патувањата. Со иновативни карактеристики, овој пакет е твојата порта за поповрзано искуство со електрично возење.
Пакет Премиум (Premium Pack)
Прецизно дизајниран за оние кои ја ценат елеганцијата и смелата софистицираност, Пакетот Премиум нуди префинет допир на стил и атмосфера, дизајнирани да го воздигнуваат секој момент зад воланот на твојот спортски компактен автомобил.
Пакет Спорт (Sport Pack)
Ослободи го твојот спортски дух со нашиот спортски пакет, дизајниран за возачи кои копнеат за прецизност и естетика на патот: вистинско доживување на возење Алфа Ромео со карактеристики што ја зголемуваат твојата страст за перформанси и стил.
Две моќни електрични верзии
Со стапувањето во електричното царство, Alfa Romeo Junior Elettrica може да се пофали со две електрифицирани верзии од 156 КС до 280 КС: секоја е осмислена за специфичен стил на возење, обединета со суштината на спортската ДНК на Alfa Romeo.
Alfa Romeo Junior Elettrica: Потрошувачка на електрична енергија (kWh/100km): 15,0 - 15,2; Емисии на CO2 (g/km): 0. Автономија во електричен режим (km): 413-407. Вредности добиени врз основа на официјални тестови предвидени со постапката за хомологација и измерени според методот на корелација во комбинираниот циклус на WLTP, ажуриран на 24.06.2024 година, означен за компаративни цели. Вистинската потрошувачка на енергија и автономијата во електричен режим може да бидат различни и да се разликуваат во зависност од условите за користење и различни фактори како што се: дополнителна опрема, температура, стил на возење, брзина, тежина на возилото, употреба на одредена опрема (клима, систем за греење, радио, навигација, светла, итн.), гуми, услови на патот, временски услови итн.
Сликите се само за илустративни цели. Некои функции може да бидат опционални со дополнителни трошоци или привремено недостапни.
Предности за избор на електричен автомобил
Даночно олеснување
Дел од пресметката на данокот на моторни возила се граничните вредности на CO2 и коефициентите за оданочување по CO2.
Пристап до ограничените централни градски подрачја
Слободно и едноставно движење низ град.
Посебни паркинг-места
Можности за паркирање во град на посебни паркинг места каде има станици за полнење.
Сѐ пораспространета мрежа на станици за полнење
Домашен полнач или полнење на јавни станици за полнење.
Тргни на пат
со полна батерија
Без разлика дали си дома или во движење, ти си опремен со потребната практичност и ефикасност за полнење на твојата Alfa Romeo Junior Elettrica.
Домашен полнач
Со AC полнач на наизменична струја ( 11kW), може да се достигне целосно полнење на Alfa Romeo Junior Elettrica од 0 до 100% за 5 часа и 45 минути со користење на кабелот Mode 3, достапен во стандардна опрема.
Полнење на јавни станици
Со користење на брз полнач со еднонасочна струја DC до 100 kW, на Alfa Romeo Junior Elettrica ѝ се доволни само 27 минути да ја наполни батеријата од 20% дo 80%.
Alfa Romeo Junior Elettrica: Потрошувачка на електрична енергија (kWh/100km): 15,0 - 15,2; Емисии на CO2 (g/km): 0. Автономија во електричен режим (km): 413-407. Вредности добиени врз основа на официјални тестови предвидени со постапката за хомологација и измерени според методот на корелација во комбинираниот циклус на WLTP, ажуриран на 24.06.2024 година, означен за компаративни цели. Вистинската потрошувачка на енергија и автономијата во електричен режим може да бидат различни и да се разликуваат во зависност од условите за користење и различни фактори како што се: дополнителна опрема, температура, стил на возење, брзина, тежина на возилото, употреба на одредена опрема (клима, систем за греење, радио, навигација, светла, итн.), гуми, услови на патот, временски услови итн.
Сликите се само за илустративни цели. Некои функции може да бидат опционални со дополнителни трошоци или привремено недостапни.
Димензиите на Alfa Romeo Junior Elettrica се дизајнирани така да го отелотворат совршениот спортски компактен автомобил, со должина од 4173 mm, ширина од и 1535 mm висина (1505 mm кај верзијата Veloce). Багажникот располага со просторен товарен волумен до 400 литри, при што нуди доволно простор за багаж и предмети, што го прави разновиден и практичен избор и за градско возење и за патувања надвор од градот. Дополнително, достапен е со 18'' и 20'' алуминиумски тркала.
Поврзи се со нашиот тим
Ќе одговориме на секое твое прашање и ќе те водиме низ секој чекор во процесот на купување.
Решенија за купување
Пронајди ја понудата на финансиски услуги и производи достапни при купување на твојот нов Alfa Romeo автомобил.