MOPAR

Mopar® е референтна марка за услуги, грижа за корисници, оригинални резервни делови и дополнителна опрема на Fiat Chrysler Automobiles.
Задачата на Mopar® е да им обезбеди на купувачите на Alfa Romeo одлично искуство од сопственото возило за време на целото негово користење, ставајќи им ја на располагање целата know-how и лидерската позиција во секторот на послепродажба.
Mopar® се грижи за вашето возило од моментот кога ќе излезе од продажниот салон, гарантирајќи му на купувачот асистенција на највисоко ниво која произлегува од авангардната технологија, иновативни производи, оригинални и квалитетни.

ОРИГИНАЛНИ РЕЗЕРВНИ ДЕЛОВИ

Единствено оној кој навистина го познава секој детал и компонента на автомобилот е способен и подготвен целосно да се грижи за него.
За таа цел оригиналните резервни делови на Mopar® се осмислени и дизајнирани да ги сочуваат своите карактеристики за доверба и комфор и перформанси на возилото кое само што излегло од производствените линии.

ДОПОЛНИТЕЛНА ОПРЕМА

Mopar® им нуди на своите клиенти богат асортиман на дополнителна опрема, која секојдневно се надополнува и збогатува и е создадена по мерка на возилата Alfa Romeo. Производите кои се наоѓаат на располагање се уникатни затоа што се дизајнирани во директна соработка со платформата за проектирање на автомобилот за кои се наменети: многу малку производители од послепродажба се способни да гарантираат беспрекорен квалитетот.

    

ПЕРИОДИЧНО СЕРВИСИРАЊЕ И ОДРЖУВАЊЕ

Правилното одржување на возилото е од исклучителна важност за да се обезбеди Вашето возило да работи во оптимални услови и да ги задржи своите перформанси во што подолг временски период.
Заради тоа производителот препорачува програма за одржување на возилото која се состои од точно определени работи кои треба да се извршат во определен временски период или пак доколку е експлоатацијата на возилото позасилена тие операции се вршат после поминат одреден број на километри.
Работите кои се програмирани со таа шема се дадени во Упатството за користење и се поделени во одржувачко-сервисни операции кои се вршат на (30.000) 40.000, (60.000) 80.000, (90.000) 120.000, 160.000 км (или на 24, 48 и 72 месеци) и во подмачкувачко-контролни операции кои се вршат на (15.000) 20.000, (45.000) 60.000, (75.000) 100.000, (105.000) 140.000, 180.000 км (или на 12, 36 и 60 месеци). Одржувачко сервисните операции кои се специфични за секоја етапа од распоредот во однос на поминатите километри, се дадени во упатството за употреба.
Овие податоци се од општа природа и е можно да не ја покриваат целата потребна работа на вашето возило.

ГАРАНЦИЈА

Аутомобиле СК како ексклузивен увозник на возилата од програмата на Alfa Romeo е носител на Гаранцијата за возилата купени од неговите овластени “дилери“. Увозникот изјавува дека во периодот од 7 (седум) години сметајќи од датумот на продажба на возилото на територијата на Република Македонија ќе обезбеди сервис и резервни делови за потребите на одржување и поправка на возилата. Гарантниот рок за возилото трае 2 години со неограничен број на поминати километри и се смета од датумот на предавањето на возилото на купувачот.
Гаранцијата подразбира поправка или замена на било кои делови кои се неисправни и не се поправаат, а неисправностите се резултат на фабричка грешка. Сите поправки кои се извршуваат како резултат на гаранциски дефект се сосема
бесплатни за купувачот и подразбираат:
– Поправка или замена на неисправниот дел.
– Трошоци за работна рака кои произлегуваат од поправката или замената.
– Набавка на резервни делови и материјали кои се потребни за поправката или замената.

MyAUTO КЛУБ НА СОПСТВЕНИЦИ

Аутомобиле СК ви го претставува клубот на сопственици на Alfa Romeo автомобили MyAUTO. Зачленете се во MyAUTO и заштедете до 25% на оригиналните резервни делови и на сервисните услуги. Како член/ка на ексклузивниот клуб MyAUTO во текот на годината ќе добиете попусти, промоции и многу повеќе!
Искористете ја и можноста редовно да бидете информирани за сите новости од светот на Alfa Romeo автомобилите.