Тројна победа на Made in Italy во Германија: обожавателите и доделија на Alfa Romeo три први места на конкурсот “BEST CARS”

  • Читателите на “auto motor und sport” им доделија на моделите на Alfa Romeo, Tonale, Giulia и Stelvio прво место во соодветните категории.
  • Година на рекорди: за прв пат во иторијата на “Best Cars Award” сите три модели на Alfa Romeo се победници, секој во својата категорија.
  • За Giulia ова е седма победа на “BEST CARS”, додека за Tonale ова е прв ваков успех.

Тројна победа за Alfa Romeo: италијанската марка ги слави првите три места на конкурсот “BEST CARS 2024” кој го организира германското списание “auto motor und sport”. И во седмото издание, читателките и читателите ѝ го доделија првото место на Giulia во категоријата “Midsize Import”. И Stelvio и Tonale го освоија првото место во своите категории. Невиден успех досега: целата гама на Alfa Romeo на највисокото место на подиумот.

 

Со 21,5%, од гласовите спортската лимузина Alfa Romeo Giulia ја одбрани титулата во категоријата „Mittelklasse Import“, оставајќи зад себе 18 познати конкуренти. Alfa Romeo Tonale ги надмина 34-те конкурентни модели, добивајќи најголем број гласови меѓу увезените автомобили во категоријата „Компактен SUV/Теренец “. Читателите на  „auto motor und sport“ му го доделија на Alfa Romeo Stelvio првото место меѓу 45 увезени модели во категоријата „Голем SUV/Теренец “.

 

Конкурсот  “BEST CARS 2024” се организира по 48-ми пат. Списанието “auto motor und sport” им предложи на своите читатели избор помеѓу 455 возила од 13 категории, вклучувајќи меѓу кандидатите и модели од увоз.