АЛФА РОМЕО TONALE ЈА ДОБИ НАГРАДАТАЗА ДИЗАЈН „AUTONIS“

 

• Читателите на автомобилското списание “auto motor und sport” ја избраа Алфа Ромео Tonale за “Best New Design 2022” во категоријата на компактни SUV возила.

• Co Алфа Ромео Tonale продолжуваат победите на марката, која повеќе од една деценија освојува награди на Конкурсот “autonis”.

Во Германија, Алфа Ромео Tonale е меѓу победниците на реномираниот конкурс за дизајн „autonis“. Повеќе од 14.000 читатели на магазинот „auto motor und sport“ го избраа најновиот модел на маркаата за „Best Design Innovation 2022“ во категоријата компактни SUV. Tonale, првиот електрифициран модел на Алфа Ромео, ги надмина своите конкуренти со освоени 30,2% од вкупниот број гласови.


„Победите на Алфа Ромео на конкурсот за дизајн „autonis“ се добро утврдена традиција на која сме многу горди. Исклучително сум среќен што Tonale постигна голем успех меѓу читателите на „auto motor und sport“ како што тоа го правеа другите модели на марката во минатото.Со Tonale уште еднаш успеавме да ја искомбинираме најиновативната технологија и високата функционалност со препознатливиот италијански стил. Би сакал да ја споделам оваа престижна награда со целиот тим на Дизајнерскиот Центар на Алфа Ромео – Алфа Ромео Style Center за одлично завршената работа “, прокоментира Алесандро Маколини, директор на дизајн проект Алфа Ромео, при примањето на наградата на церемонијата, одржана во Штутгарт.


За Алфа Ромео, наградата за дизајн „autonis“, која годинава стигна до своето 22-ро издание, е пријатен обичај на освојување награди. Во минатото, читателите на „auto motor und sport“ на моделите на Алфа Ромео Giulietta, MiTo, Giulia и Stelvio ја доделија наградата “Best Design Innovation” – „Најдобра дизајнерска иновација“ на годината. Во изданието на „autonis“ за 2022 година, во изборот учествуваа 92 нови автомобили, поделени во единаесет категории, кои беа оценувани од страна на стручните читатели на германскиот магазин.