Познатиот интернационален актер Педро Алонсо ја толкува главната улога во “Научи одново да сакаш” (Learn to love again) новата кампања за лансирање на новиот Alfa Romeo Junior

• Актерот, кој стана познат во светот по улогата на Берлин во „La Casa de Papel“, е во главната улога  на рекламата за новиот Alfa Romeo Junior.

• Во рекламата „Научи одново да сакаш“, Педро Алонсо ве поканува да се препуштите на страстите, а не на студената рационалност и да го откриете примамливото возачко доживување со компактниот спортски автомобил што го редефинира концептот на современото спортско возење.

• Роден во Шпанија, Педро Алонсо, освен актер е, исто така и сликар и писател длабоко поврзан со италијанската култура, музика и уметност.

• Рекламата е достапна на официјалниот канал на Алфа Ромео на Јутјуб.

 

Шпанскиот актер Педро Гонзалес Алонсо е главниот јунак на кампањата за лансирање на новиот Alfa Romeo Junior, спортскиот компактен модел кој ја враќа светски познатата италијанска марка во стратешки важниот сегмент. Изборот на интернационалната ѕвезда е резултат на јасното споделување на вредностите - страст, дрскост, харизма и непобитна елеганција - преку кои Алфа Ромео го претставува примамливото возачко доживување што го нуди новиот Junior, во име на целосна рамнотежа помеѓу срцето, мозокот и душата.

 

Станувајќи глобална икона со неговата магнетна улога на Берлин во телевизиската серија „La Casa de Papel“, неговата изведба помогна да се трансформира ликот во културен феномен, правејќи го П. Алонсо препознатлива личност на интернационално ниво и симбол на современата поставка на сериите на која Нетфликс има дури посветено спин-оф со исто име. Лик со голем шарм, кој отелотворува софистицираност, харизма и мистериозна енергија, карактеристики кои го прават не само признат талент, туку и симбол на стил и смелост.

 

Неговата страст се манифестира не само со  рецитација, туку и со други уметнички активности, како што се сликарството и пишувањето, размислувајќи со истиот интензитет којшто го изразува Алфа Ромео преку креирањето на автомобили кои ги спојуваат спортскиот карактер, безвременскиот дизајн и авангардната технологија. Меѓу нив е секако и новиот Junior кој одново ги испишува правилата за спортски карактер во неговата категорија.

 

Од друга страна, моделот Junior на Алфа Ромео е кул и уникатен објект за поседување, кој се одликува со сосем нов спортски стил, оди подалеку од перформансите, и се проектира кон идеал за спортско позиционирање, за освојување на новата генерација на Алфисти. Junior може да создаде непосредна емотивна врска со возачот преку симбиотскиот однос помеѓу човекот и машината, бидејќи за Алфа Ромео автомобилот е и останува возбудлив производ што треба да се доживее со страст и вплотеност.

 

Токму затоа, рекламната кампања за новиот Junior требаше да искаже поинаков начин на „чувствување“ на автомобилот и целосно доживување на неговиот спортски карактер. Ете зошто новиот спот им се обраќа директно на срцата на луѓето, да дозволат да бидат водени од емоциите и одново да се вљубат, следејќи го најстрасниот дел од себе. Така е создаден и спотот „Научи одново да сакаш“ во која харизматичниот „тип“ - Педро Алонсо - ја отфрла логиката и е обземен од внатрешната, скриена емоција на вљубувањето. Затоа што не се работи за продажба на автомобил, туку за препуштање да бидеш освоен од еден Алфа Ромео автомобил. После сè, во животот постојат чувства кои едноставно се недопирливи и кои не можат логички да се објаснат. Понекогаш доволно е само  да се „мисли“ со срцето. А, токму тоа е она што Алфа Ромео го бара од своите вљубеници и оние другите: да научат одново да сакаат! Кој би го пренел тоа подобро од Педро Алонсо - со својот смел став и несомнен шарм - може да ја пренесе оваа емотивна порака што нè наведува да ја промениме перспективата?

 

Роден во Виго (Шпанија) во 1971 година, Педро Гонзалес Алонсо студирал на Кралската Висока Школа за драмски уметности (Real Escuela Superior de Arte Dramático - RESAD) во Мадрид. Пред да стане познат на интернационално ниво, глумел во бројни шпански филмови и телевизиски серии, како Падре Касарес (2008-2015) и Гран Хотел (2011), маестрално прикажувајќи сложени и харизматични ликови. Љубител на италијанската култура, изразена низ музиката, филмот и уметноста, шпанскиот актер неодамна изјави дека би сакал да глуми заедно со легендарниот Марчело Мастројани и дека сонува еден ден да работи со режисерите Паоло Сорентино и Нани Морети.

 

Ангажиран и интензивен, краткиот филм, на јазик инспириран од веб сериите е направен од страна на  креативната агенција Мигранте, а ево режија на режисерот Себастиен Грусе, за продуцентската куќа Акита филм.

 

Потоа, во првиот дел од спотот, музиката е на Флавио Иба – Марко Гуалди (Red Rose Productions), додека во вториот дел сликата е придружена со песната „I Feel Love“ (П. Белот/Г. Мородер/Д. Самер), издадена од Warner Chappel Music Publishing и мастерирана од Флавио Иба -Карло Палмас, со гласот на Лоредана Фада (Red Rose Productions).

 

За да го видите интересниот спот, Алфа Ромео ги кани сите фанови да се поврзат со официјалните канали на марката: целосната верзија од 60 секунди е достапна на официјалниот канал на марката на Јутјуб

 

Creative Agency: Migrante

Executive Creative Director: Leonardo Ricagni

Creative Director: Sol Ricagni 

Agency Producer: Edoardo Rossi 

Content Producer: Joe Di Maio

Associate Creative: Franco Machado

 

Production company: Akita Film

Direction: Sebastien Grousset

Dop: Roman Martinez de Bujo / Diego Indraccolo

Executive producer: Davide Rizzi

Producer: Desireè Castelli / Valeria Biondolillo

Post producer: Diana Passoni

Color correction: Color en movimiento Madrid

Postproduction: Exchanges VFX

Audio Postproduction: Top Digital

Music | part 1: Flavio Ibba-Marco Gualdi (publishing and master Red Rose Productions)

Musica | part 2: “I Feel Love” (P. Bellotte / G. Moroder / D. Summer), Publishing Warner Chappel Music Publishing-Master by Flavio Ibba-Carlo Palmas, vox Loredana Fadda (Red Rose Productions)

 

Торино, 9 септември 2024