Новиот 33 Stradale, манифест на Алфа Ромео Made in Italy, му оддава почит на конкурсот за елеганција „Chantilly Arts & Élégance Richard Mille“

·         Алфа Ромео учествува на седмото издание на ексклузивниот настан кој го комбинира светот на автомобилите со уметноста и елеганцијата, во прекрасниот амбиент на Шато де Шантији во Горна Франција.

·         За прв пат француската јавност ќе може да ужива во изгледот на новиот 33 Stradale, автентичен „манифест“ за тоа што италијанската марка може да направи - и ќе направи – кога станува збор за стилот и доживувањето при возење.

·         Сите погледи се насочени кон прототипот 33 Spider Cuneo од 1971 година, се подразбира, изложен во историскиот музеј на Алфа Ромео во Арезе, и кон новиот Junior кој ја враќа марката во најрелевантниот сегмент во Европа.

·         Целата актуелна гама на Бишоне е достапна за учесниците за возбудливи пробни возења на местото на настанот. 

 

Од 12 до 15 септември ќе се одржи седмото издание на “Chantilly Arts & Élégance Richard Mille”, престижниот конкурс за елеганција кој го соединува светот на автомобилите со уметноста и елеганцијата. Своето прво издание, овој конкурс го имаше во 2014 и оттогаш се одржува во Домен ди Шато де Шантији (Domaine du Château de Chantilly) во Горна Франција, ексклузивен настан кој многу брзо оствари растечка популарност во јавноста и вработените во секторот, дотаму што ги достигна реномираните настани кои се организираат во Пибл Бич (САД) и Вила д'Есте (Италија).

 

Алфа Ромео му оддава почит на францускиот настан прикажувајќи три мошне фасцинантни примероци: новиот Alfa Romeo 33 Stradale, автентичен „манифест“ за тоа што италијанската марка може да направи - и ќе направи - во однос на стилот и искуството во возењето; познатиот прототип 33 Spider Cuneo од 1971 година, којшто се подразбира дека е изложен во историскиот музеј на Алфа Ромео во Арезе; и сосема новиот Junior, моделот кој го означува враќањето на светски познатата италијанска марка во најрелевантниот сегмент во Европа.

 

На трите автомобили може да им се восхитуваме во изложбениот простор поставен во префинетата француска градина на Андре Ле Нотр, една од главните атракции на Шато де Шантији, откривајќи ја таа суптилна заедничка нишка што ги поврзува механичките креации на Алфа Ромео од минатото со сегашноста. Во центарот на вниманието сигурно ќе биде новиот Alfa Romeo 33 Stradale, со своето деби на јавен настан во Франција, кој ги комбинира наследството и иднината и е произведен преку единствениот филигрански процес со исклучително високи стандарди за квалитет. Потоа, јавноста ќе има можност да изведе пробни возења во текот на самиот настан на моделите Giulia, Stelvio, Tonale и Junior.

 

За крај, треба да се запомни дека конкурсот „Chantilly Arts & Élégance Richard Mille“ одново го лансира форматотза елеганција на конкурсите воспоставени токму во Франција во 1920-тите, кога изложените автомобили беа придружувани од манекен облечен од модна куќа. Во последниве години, Алфа Ромео отсекогаш беше присутна на натпреварот Шантији со своите автомобили кои припаѓаат на приватни колекционери, освојувајќи ја титулата „Best of Show“ во 2016 година со прекрасниот 8C 2900B Lungo Berlinetta Touring на Алфа Ромео од 1938 година.

12.9.2024  година