“МОНЦА, ХРАМОТ НА БРЗИНАТА”: ПРИСТИГНА НОВАТА, ПЕТТА И ЗАВРШНА ЕПИЗОДА ОД ВОЗБУДЛИВАТА ДОКУМЕНТАРНА СЕРИЈА НА АЛФА РОМЕО “BEYOND THE VISIBLE” – „ОД ДРУГАТА СТРАНА НА ВИДЛИВОТО“

 
  • Петтата и завршна епизода од возбудливата документарна серија која ù открива на широката јавност што се случува “зад сцената и пошироко”, сега може да се види на социјалните канали и на Јутјуб каналот на Алфа Ромео: link
  • Новата епизода ја слави иконската патека во Монца, храмот на брзината, духовен дом и сцена на незаборавните победи за Алфа Ромео; отворена во далечната 1922 година, Монца е живиот музеј на италијанскиот моторспорт.
  • Славни возачи, незаборавни победи и нераскинлива врска о Алфа Ромео. Монца е домот на италијанското спортско благородништво.

 

Од денес на социјалните канали и на Јутјуб каналот на Алфа Ромео “Монца – Храмот на брзината”, петтата и последна епизода, која не смее да се пропушти од дигиталниот проект кој раскажува приказни од “зад сцената и пошироко”, на Алфа Ромео Ф1 тимот  кој се натпреварува во трката со најмногу следачи на светот. Значи, дојде и крајот на возбудливата документарна серија на Алфа Ромео која ја разбуди страста кај сите вљубеници во моторспортот и едноставно љубопитните, кои не ги следат Ф1 трките, наидувајќи на огромен успех на 5-те досегашни епизоди: “Before we hit the ground” (Пред да го допреме тлото), “Trust is gained“ (Стекнување доверба) и “The Hidden Backbone“ (Скриената моќ) и “Measuring the unmeasurable” (Мерење на немерливото).

 

Петтата епизода претставува вистинско оддавање почит на најкултната патека меѓу интернационалните патеки на Формула 1. Монца е духовниот дом на Алфа Ромео, повеќе од 100 години по нејзиното инаугурирање, таа е дефинирана како „Храм на брзината“, сцена за возбудливи спортски настани кои испишаа неизбришливи страници во моторспортот. На оваа патека, Алфа Ромео ја освои првата Формула 1 титула во историјата, на 3 септември 1950 година, со Alfetta 158 на Нино Фарина, а останатото е историја позната на сите: Тацио Нуволари, Хуан Мануел Фанџо и многу други возачи-херои придонесоа за возбудливата спортска традиција на Алфа Ромео во текот на цел еден век на голема социјална и мотористичка еволуција.

 

Според оние кои имале прилика да се испробаат на оваа патека од 1922 година, Монца е искуство поинакво од сите останати, исклучително брза и техничка, каде возачките вештини се ставени на тест. Исклучително лесно се прават грешки. Сепак, Монца не само што ги предизвикува вештините на возачите, туку и целиот тим инженери и механичари, кои се повикани да ја револуционизираат конфигурацијата и поставувањето на автомобилот.

 

Анализата на податоците и развојот се многу сложени, а добиеното поставување е практично направено ад хок со цел да се стави возачот во позиција да се изрази најдобро што може на патеката, каде што дејствувањето е постојано, претекнувањето е можно на различни точки и големата брзина се менува со насилно кочење.

 

Алхемијата која се создава помеѓу перформансите на асфалтот и емоциите на вљубениците на преполните трибините, ја оживува магијата на Големата награда на Монца, уникатен настан кој не се пропушта. Монца е жив музеј на италијанскиот моторспорт кадешто Алфа Ромео ги испиша најважните поглавја од историјата на италијанското спортско благородништво.

 

Кристијано Фиорио Менаџер на Алфа Ромео F1:

 

“Beyond the visible” – Од другата страна на видливото – беше возбудлива авантура. Co епизодата посветена на Монца, нашиот духовен дом, се затвора еден многу  успешен проект, за кој сакам да се заблагодарам на целиот тим кој работеше со голем професионализам. Изнесувајќи ги случувањата од зад сцената на Ф1 на оние кои не се експерти за Ф1, е резултат кој нè задоволува. Што следи сега? Единствено што можам да кажам е: stay tuned (останете поврзани)!