“Measuring the unmeasurable” - Мерење на немерливото: Во етерот четвртата епизода од серијалот “Beyond the Visible” - „Од другата страна на видливото“

  • Од денес може да се погледа четвртата епизода од возбудливата документарна серија на Алфа Ромео  “Beyond the Visible”-Од другата страна на  видливото, којашто ги открива случувањата “зад сцената и пошироко” на Алфа Ромео Ф1 тимот.

  • Tема на новата епизода е аеродинамиката, науката која ја проучува динамиката на воздухот, со цел да го “контролира” отпорот, триењето и движењето, односно сè она што влијае врз однесувањето на болидот за време на трката, подобрувајќи ги ефикасноста, брзината и перформансите. 

  • Осмислена за да ги возбуди и оние кои не се експерти во Формула 1, новата епизода “Measuring the unmeasurable” – Мерење на немерливото, веќе е на располагање на официјалните, социјални канали и YouTube каналот на Алфа Ромео: link .

Исчекувањето заврши. Од денес е на располагање четвртата од петте дигитални епизоди “Measuring the unmeasurable” – Мерење на немерливото, којашто ги открива случувањата “зад сцената и пошироко” на Алфа Ромео Ф1 тимот, дел од најангажираната автомобилска трка на светот. Така продолжува “Beyond the Visible”-од другата страна на видливото, документарната серија која предизвика зависност и веќе постигна голем успех со првите три епизоди: “Before we hit the ground”, “Trust is gained” e “The Hidden Backbone”.  

 

Четвртата епизода носи наслов “Measuring the unmeasurable” – Мерење на немерливото, и ја запознава пошироката јавност со тајните на аеродинамиката, науката која ја проучува динамиката на воздухот, со цел да ги „контролира“ феномените поврзани со истата, односно отпорот, триењето и движењето. Сето тоа влијае врз однесувањето на болидот за време на трката, за да се подобрат ефикасноста и перформансите. Станува збор за основната и комплексна задача, доверена на дизајнерите и инженерите на Алфа Ромео Ф1 тимот, кои работат во тесна врска со инженерите за мотори и за шасии, со цел да проектираат болид во линија со новите правила, гарантирајќи истовремено, извонредни перформанси на терен. 

Да се разбере како протокот на воздух е во интеракција со автомобилот, како тој минува низ него или како го потиснува кон тлото за да овозможи да се биде конкурентен во секоја трка, со прилагодување на стратегијата на временските услови, асфалтот и патеката. Токму затоа, во текот на првенството, инженерскиот тим неуморно работи на развивање и усовршување на аеродинамиката: во Хинвил, кадешто поединечните компоненти континуирано се развиваат и тестираат во тунелот за ветер; и на патеките кои се домаќини на трките за Големата награда во рамките на Светскиот шампионат, со цел да се постигне најефикасна поставеност за болидот за секоја патека. Од оваа заедничка работа, која „го мери немерливото“, се добива идеалниот автомобил за победа. Тајната на успехот лежи во тоа што е можно побрзо да се спроведат на патеката оние решенија кои се проучувани и создадени во работилницата Заубер во Хинвил. Бидејќи она што изгледа совршено на таблата за цртање, мора да биде совршено и на патеката. Затоа, неопходно е да се обработат сите податоци за трката и за многу кратко време да се одлучи која е најдобрата стратегија што треба да се примени.

Осмислена да ги возбуди дури и оние кои не се експерти во Формула 1, новата епизода ќе овозможи да се откријат, на привлечен начин, најистакнатите феномени од оваа дисциплина: повлекувањето наназад или отпорот кон движењето нанапред; и потисната сила, што претставува потисок кон тлото. Рефлекторите се насочени и кон функционирањето на одделни аеродинамични компоненти како што се: предните спојлери, кои управуваат со протокот на воздух околу гумите и оној што влегува во останатиот дел од автомобилот, до задниот спојлер кое го дефинира целокупното аеродинамичко оптоварување. Затоа, најтешката работа за инженерите е да најдат оптимална поставеност, т.е. компромис помеѓу аеродинамичкото оптоварување генерирано од спојлерите и каросеријата на свиоци и нискиот отпор при движење нанапред, што му овозможува на автомобилот пробивање низ воздухот при високи брзини при праволиниско движење. 

Освен тоа, на гледачите на „ Measuring the unmeasurable” – Мерење на немерливото ќе им биде претставена важноста на повратните информации што возачите им ги соопштуваат на нивните инженери за да ја најдат најдобрата стратегија за менување гуми врз основа на временските услови, температурите, брзината на ветерот и други фактори, како што се условите на патеката. Ништо не е препуштено на случајноста, сè се анализира со исклучително внимание за да се постигне најдобар резултат.  

Инаку, уште на почетокот на шеесетите, проучувањето на аеродинамиката беше основно во светот на автомобилските трки, постојано надоврзано со технолошката еволуција и зголемувањето на моќноста на моторите. 

Кристијано Фиорио, менаџер на Алфа Ромео Ф1: ”Темата на оваа епизода  е една од најинтересните теми на оваа возбудлива документарна серија и ги открива тајните на аеродинамиката, една од од најзначајните стратешки дисциплини  на Ф1, каде се искажуваат генијалноста и визијата на најдобрите инженери. Тоа е возбудлив свет, создаден од грчевито истражување, постојана перфекцијаи големи луѓе. Од таа причина имаме два тима, еден на писта и еден во работилница, кои постојано работат за да создадеме најконкурентен автомобил. И сето тоа со максимална брзина и со една единствена цел: да се совлада воздухот за да се биде подобар од сите други.“