Со две нови логоа “made in Centro Stile”, Алфа Ромео ја прославува 70-годишнината на Giulietta и 50-годишната на Alfetta GT

Алфа Ромео ја отвора 2024 со прослава на два многу значајни родендена. Оваа година се навршуваат 70 години од појавувањето на Giulietta Sprint, за прв пат претставена во 1954 година, и 50 години од појавувањето на Alfetta GT во 1974, два омилени модела кои постигнаа голем комерцијален успех и раскажуваат, секој на свој начин, низ времињата за паметење, извонредни мигови од италијанската автомобилска историја.

За оваа прилика, од маестралноста на Стилскиот центар на Алфа Ромео произлегоа две нови логоа кои беа претставени на јавноста на почетокот од годинава, со цел да ги придружуваат во текот на целата 2024, манифестациите на Марката и да бидат амблеми на придонесот кој Алфистите ќе им го дадат на двата автомобила кои станаа “ad honorem” – почесни, во колективната замисла, како две икони на функционалната убавина и италијанскиот благороднички спортски дух.

На тој начин, бројните настани на клубовите и сите комуникациски активности на Марката ќе бидат препознатливи со официјалните логоа направени во Стилскиот центар на Алфа Ромео.

Двете логоа кои се одликуваат со суштински и елегантен допир ги истакнуваат карактеристиките на двата автомобила, украсени за оваа прилика со нивниот потпис, со истиот карактер кој се протега преку нивните каросерии. Датумите на прославата го комплетираат оддавањето на почит.

И двете логоа ги изработи Стилскиот Центар на Алфа Ромео во две различни хроматски изведби, што ги прави екстремно функционални во различни примени.

 

Прослави во Музејот на Алфа Ромео

Музејот на Алфа Ромео во Арезе веќе ги внесе во календарот датумите за значајните прослави на двата настана. Поставката е иста како за изложбата Бекстејџ, серија конференции започнати во 2018 година кои ја истражуваа историјата на Алфа Ромео преку необјавени материјали од Центарот за документација и сведоштва на учесниците, секој на свој начин  - историчари, дизајнери, тестери, механичари - кои имаа влијание врз одреден автомобил или одреден проект кој имал активна улога или продлабочено знаење.

 

На 5-ти мај, недела, рефлекторите ќе бидат насочени кон Alfetta GT, додека пак на 2-ри јуни, исто така недела, кон Giulietta. Конференциите ќе се одржуваат во салата Giulia на Музејот, а ќе им претходи парада на која се поканети да присуствуваат сопствениците на овој посебен модел на Алфа Ромео.

Комплетниот календар на конференциите Бекстејџ ќе биде поставен на интернет-страницата museoalfaromeo.com.

 

Третото издание на Tribe Days (Деновите на Племето) ќе биде врв на прославите. Единствен настан, наменет за сите вљубеници во 4-те тркала, Алфисти, и сите останати, клубови, колекционери, вљубеници или пак само љубопитни привлечени од страста кон Марката.

 

Историја на двата автомобила:

Giulietta Sprint (1954): Автомобилот кој ја означува трансформацијата на Алфа Ромео во голема автомобилска индустрија несомнено е „девојката на Италија“ - Giulietta. Во 1952 година, производството на Алфа Ромео можеше да смета само на 1900, па се појави идејата за помодерен автомобил со помал капацитет на моторот.

Откако беа отфрлени првичните претпоставки за мал автомобил од 350 ccm или понаков - со погон на предните тркала - од 750 ccm (но, со шифрата 750 ќе бидат идентификувани следните проекти), во август 1952 година стана јасно дека автомобилот ќе има традиционален преден мотор со погон на задните тркала. Помалку од една година подоцна, првиот прототип се појави на улиците, компактно купе, дизајнирано од работилницата на Иво Колучи, опремено со мотор од лесна легура со две комори од 1100 ccm, со четири цилиндри. Зафатнината потоа се зголеми на 1300 (1290 ccm). Со карбуратор со една цевка кој испорачувал 65 КС, за максимална брзина од 165 km/h, за на крајот од кариерата, со најновата еволуција од 1958 година, да се појави карбураторот со две цевки, а моќноста се зголемила на 79 КС со максимална брзина од 170 km/h. Менувачот и диференцијалното куќиште биле нови, исто така од алуминиум. Кочниците со барабани, со спирални перки, потекнуваат од оние на моделот 1900.

Во почетокот на 1954 година, механиката е веќе осмислена, но за каросеријата има два предлога и неколку рудиментални прототипови. Во секој случај работилницата Финмеканика објавува дека испорачала неколку примероци на одредени алфисти. Работата ја решил Рудолф Хруска, кратко време претходно повикан од страна на Џузепе Лураги да ја реорганизира фабриката за производство на 50 автомобили на ден, предвидена за Giulietta: една надворешна каросерија била била наменета за мала серија на coupé верзиите, кои требало да бидат испорачани на веќе познати купувачи, во очекување да се произведе и лимузинската верзија. По првобитната недоверба, IRI, како директор на Алфа Ромео го прифатил предлогот: примеорците биле претставени на Бонески, Боано и Бертоне. Последниов, потпирајќи се на скицата на Франко Скаљоне, ќе им предложи компактен и пропорционален автомобил, со суштински, префинети и спортски линии. Така е создадена Giulietta Sprint.

Автомобилот бил претставен на Саемот за автомобили во Торино на 21 април 1954 година, но две недели претходно, во дворот на Портело веќе го поминал тестот на експертите и властите: двајца актери во Шекспировите костими на Ромео се симнале од хеликоптер и ... Giulietta - Јулија.

Giulietta се наметнала на пазарот од моментот на нејзиното претставување. Само неколку дена потоа, нарачките морале да бидат прекинати поради заситеноста на фабриката. Причината за успехот, како и спортската и успешна линија, биле токму перформансите, со кои автомобилот бсе нашол на непознато ниво за категоријата и им се заканил и на конкурентите од многу повисока класа.

 

За Алфа Ромео ова претставува пресврт, раѓање на голема автомобилска индустрија. Производството на Giulietta, во различни верзии, ќе продолжи во наредните 11 години и ќе постигне бројка од вкупно 177.513 продадени примероци, од кои 24.084 од верзијата Sprint.

 

Alfetta GT (1974) Две години по претставувањето на Alfetta следи претставувањето на една верзија coupé, со задача – потешка од кога и да е – да се замени овој легендарен, и многу продаван, модел,  како што е coupé на Бертоне, дизајниран од страна на Џорџето Џуџаро во 1963 година, како спортска верзија на Giulia. Alfetta GT 1.8 ја презема меѓуоскината механика од лимузината, но растојанието се скратува на 110 mm, а поставвуањето е многу поспортско. Каросеријата и овој пат е дизајнирана од страна на Џуџаро – сега веќе “согласно” италијанскиот дизајн – според модерните канони, што тој веќе делумно го најави со прототипот создаден неколку години порано врз основа на 1750 GTV: два волумени со fastback заден дел што завршува многу високо со навестување на спојлер. Линиите се напнати и аголни, предниот дел, со четири вдлабнати фарови, е низок и агресивен. Реално, придонесот на Стилскиот центар на Алфа Ромео, во Арезе ќе биде доста означен во фазата на одредување. Дури и позицијата на возачкото седиште го одразува спортскиот стил: седиштето е ниско, положбата е опуштена, а пред возачот една голема инструмент-табла со мерач на вртежи. Брзинометарот и секундарните инструменти се наоѓаат во центарот на контролната табла.

Alfetta GT сака да стане вистинска GT, поспортска од кога и да е, поради што големо влијание е посветено на практичноста: внатрешноста е просторна, за четири лица, дури и задните стакла се навалени, а широкиот багажник е лесно пристапен поради големата задна врата.

Веќе во 1975 година Alfetta GT претрпува блага измена во механиката, од 122 КC при 5500 вртежи во минута, преминува на 118 КC при 5300 вртежи во минута. Веќе следната година дебитира верзијата со мотор 1.6 со 109 КC (која ќе излезе од производство во 1980) и чија опрема е поедноставена, како и GTV (GTS за англискиот пазар) со дволитарски мотор.

Производствените линии ќе запрат во 1986 година, co произведени вкупно 136.275 примероци, во неколку верзии.