Ќе биде Alfa Romeo MILANO. Историјата во името.

  • Се вика Alfa Romeo го избра името со силна историска вредност за првиот Sport Urban Vehicle на марката, верен на нејзината спортска ДНК, којшто ќе биде на располагање и во 100% електрична верзија.
  • Јасно и гласно оддавање почит на родниот град, амбасадорот на сè Made in Italy во светот, интернационалниот главен град на дизајнот, симбол на иновацијата и одржливоста, лидер во транзицијата на автомобилот во електричен.
  • Од 1910 Крстот, историскиот симбол на главниот град на Ломбардија, и змијата Бишоне, грбот на благородничката куќа Висконти, го сочинуваат логото на Alfa Romeo. Преку 60 години (од 1910 до 1972) и самото име на градот станува составен дел од логото.
  • Alfa Romeo MILANO ќе има светска премиера и откривање во април 2024 година, токму во Милано.
  • Alfa Romeo го користи моментот за да направи рамнотежа од создавањето на Стелантис во 2021: цврстина и дисциплина во спроведувањето на објавениот производствен план, целосно почитување на процесот на транзиција на автомобилот во електричен, достигнати квалитативните цели и признаени на светско ниво.
  • И секако, фокусирање на 2023 која завршува со солидна бројка за глобален пораст: + 34% во однос на 2022 година во кумулативната годишна бројка во ноември.

Во април 2024, во Милано, Alfa Romeo ќе му го претстави на целиот свет првиот Sport Urban Vehicle во нејзината историја, којшто ќе биде на располагање и во 100% електрична верзија. Неговото име ќе биде MILANO, јасно оддавање почит на градот, каде сè започна на 24 јуни во 1910та година.

Co Alfa Romeo MILANO марката се враќа во сегментот B, со најголем подем во Европа, со нов предлог кој целосно ја отелотворува ДНК-та на благородниот италијански спортски дух типичен за Италија. Првиот 100% електричен Sport Urban Vehicle којшто ја претставува новата врата кон светот на Alfa Romeo за сите оние, Алфисти, но не само тие, кои го чекаа враќањето на марката во овој сегмент.

 

Жан Филип Импарато | Ceo Alfa Romeo

Со доаѓањето на MILANO во 2024 година, Alfa Romeo комплетира една Line-Up која е во состојба да ги исполни желбите на сите наши фанови и пошироко. Со MILANO посакуваме симболично „Добредојдовте назад“ на сите наши Алфисти, сопственици на Giulietta и MiTo, кои чекаа да ја потврдат својата љубов кон Alfa Romeo; и „Добредојдовте“ за сите оние кои бараат уникатно спортско искуство во овој сегмент и препознатливата убавина на италијанскиот дизајн.

MILANO е првата пресвртница во процесот на транзиција на марката кон електрични возила и, како и Tonale, има важна задача дополнително да го зацврсти присуството на Alfa Romeo на глобално ниво.

 

Изборот на името “MILANO” произлезе од историјата на марката.

Малку елементи го карактеризираат идентитетот на една автомобилска куќа, како што тоа го прави нејзиното лого.

Од 1910 година, логото на Alfa Romeo во себе ги содржи двата симболи кои го идентификуваат градот Милано: Крстот, историскиот симбол на главниот град на Ломбардија, и змијата Бишоне од грбот на благородничката куќа Висконти. Преку 60 години (од 1910 до 1972) и самото име на градот станува составен дел од логото, во неговиот долен дел.

Сè до 1918 година, на логото стоеше и кратенката “A. L. F. A.”  (Anonima Lombarda Fabbrica Automobili), а веќе од 1919 на него пишуваше “ALFA ROMEO”.

Отсекогаш симбол на авангардата, Милано денес е меѓународен манифест на модерноста, иновативноста и одржливоста. Се смета за еден од симболите на уметноста и на Made in Italy во светот, Милано отсекогаш играл клучна улога во културата, на полето на модата, дизајнот и музиката.

Затоа Alfa Romeo го избира Милано, нејзиниот дом, за да започне ново, возбудливо и смело поглавје во нејзината историја: реинтерпретација на спортскиот дух во 21 век. 

Токму затоа, ваквиот избор ги надминува имињата на моделите од минатото и на најскорешните кои беа именувани по планинските превои, за уште еднаш, да се поврзе со своите италијански корени со смела амбиција да ги извезува насекаде во светот оние вредности кои отсекогаш ја правеле марката уникатна.

 

Сторија за Милано во логото на Alfa Romeo

Неколку елементи го карактеризираат идентитетот на производителот на автомобили како марката залепена на решетката. Во случајов, најпривин А.Л.Ф.А., а потоа и Alfa Romeo, со што логото има за цел да го истакне миланското потекло на фабриката и, со своите промени низ годините, претставува огледало на историските настани на компанијата и на Италија. Крстот, историски симбол на градот Милано, и Бишоне грбот на благородничката куќа Висконти, потоа натписот Alfa Romeo (само A.L.F.A. до 1918 година) се всушност елементите кои постоеле на логото од самото создавање на марката.

На 24 јуни 1910 година, новата компанија A.L.F.A., Anonima Lombarda Fabbrica Automobili, била и официјално регистрирана и управниот директор Уго Стела побарал од Мероси да го подготви логото што треба да ја краси предницата на идните автомобили (ладилникот). Во хрониките стои дека  младиот дизајнер Романо Катанео му кажал на Мероси дека бил воодушевен од змијата Бишоне на грбот на благородничката фамилија Висконти, поставен на кулата Филарете, додека утрото стоел на постојката - на Пјаца Кастело - за трамвајот бр. 14. Дизајнерот од Пјаченца не само што го прифатил предлогот, туку и го скицирал логото пред неговиот соработник. Во исто време го додал и Црвениот крст на бела позадина, за сето да го затвори во син диск на кој - во златна боја – биле поставени натписите A.L.F.A. и MILANO, разделени со два савојски јазли. Скицата била одобрена од Кавалиерот Уго Стела, а на самиот Катанео му е доверен дефинитивниот дизајн за производство.

Првата голема промена се случила во 1919 година: компанијата дошла под контрола на Никола Ромео и на логото се појавува натписот ALFA ROMEO. Во 1925 година, GP Tipo P2 го освојува првото светско првенство за Гран при автомобили и за да се прослави победата, бил додаден ловоров венец околу марката. На крајот на Втората светска војна логото било ревидирано: савојските јазли го отстапуваат местото - со доаѓањето на републиката - на две брановидни линии, а логото било стилизирано и изработено од пресуван метал насликан во една боја. Од 1950 година, со 1900 година, се враќа емајлираната месинг плоча која во 1960 година го отстапува местото на идентична, направена од пластичен материјал. Почнувајќи од 1972 година, со отворањето на фабриката Алфасуд во Помиљано д'Арко, исчезнал натписот MILANO. Во исто време, змијата Бишоне е поедноставена и вториот калем повеќе не се намотува околу себе. Во 1982 година, следи ново стилизирање: ловоровиот венец исчезнува, отстапувајќи го местото на златна линија. На 24 јуни 2015 година, со лансирањето на Giulia во новоотворениот музеј Alfa Romeo, беше претставена најновата еволуција на логото.