Алфа Ромео го зазема првото место меѓу премиум
марките според J.D Power IQS

Според J.D Power 2023 Initial Quality Study (IQS), Алфа Ромео оствари извонредно постигнување, значајно подобрувајќи го неговиот IQS резултат во однос на 2022, спротивно на трендот на индустријата.

 

J.D. Power ги анкетираше купувачите на нови возила за првите три месеци од купувањето на новиот автомобил и ги следеше случувањата кај 100 возила (PP100) за да ги измери перформансите на марката. Ова се достигнувањата на италијанската марка:

 

  • Алфа Ромео – Прва меѓу премиум марките и трета во автомобилската индустрија, што е за 24 места погоре во однос на 2022 година
  • Алфа Ромео, заедно со Масерати, најдокажани премиум марки.
  • Алфа Ромео Stelvio најдобар компактен Премиум SUV

 

Алфа Ромео се најде на највисокото место на подиумот кај премиум марките и на третото место во севкупната индустрија кај J.D. Power 2023 U.S. Initial Quality Study (IQS). Алфа Ромео скокна за 24 места – што е најголем скок оваа година на IQS – со што го зазеде првото место меѓу марките и третото место во индустријата. И не само тоа, моделот Stelvio на Алфа Ромео го освои врвот во студијата за сегментот на компактни премиум SUV возила.

 

Жан Филип Импарато Ceo на Алфа Ромео изјави: “Овој резултат е извор на голема гордост за Алфа Ромео, природна последица на исклучителниот труд на целиот тим. Екстремното внимание што го посветуваме на квалитетот започнува во нашите фабрики во Италија и останува во односот кон нашите клиенти. Овие достигнувања покажуваат дека сме на вистинскиот пат“.

 

Накратко за J.D. Power

J.D. Power е глобален лидер во истражувањето на потрошувачите, советодавни услуги и податоци и аналитика. Пионер во употребата на големи податоци, вештачка интелигенција (АИ) и можностите за алгоритамско моделирање за да се разбере однесувањето на потрошувачите, J.D. Power обезбедува импресивна индустриска интелигенција за интеракциите на потрошувачите со брендовите и производите, повеќе од 50 години. Водечките светски бизниси низ големите индустрии се потпираат на J.D. Power за да ги водат нивните стратегии за соочување со потрошувачите. J.D Power има канцеларии во Северна Америка, Европа и Азија Пацифик. За да дознаете повеќе за деловните понуди на компанијата, посетете ја JDPower.com/business. Алатката за купување J.D. Power може да се најде на JDPower.com.