АЛФА РОМЕО ЈА ПРЕТСТАВУВА
ПРОГРАМАТА ОД НАСЛЕДСТВОТО “АЛФА РОМЕО КЛАСИКА”

 

• Алфа Ромео има чест да ја претстави програмата heritage “Алфа Ромео Класика“, серија на специфични услуги за заштита и вреднување на нејзината историја, реализирана во блиска соработка со Одделот за наследство на Стелантис. Презентацијата ќе се случи во рамките на 39-ото издание на Auto e Moto d’Epoca – Автомобили и мотоцикли од едно време, една од најзначајните манифестации за автомобили и мотоцикли од едно време во Европа.

• Програмот heritage опфаќа два типа на сертификати и активности за поправка и реставрација. Поточно, Сертификатот за автентичност се издава директно од врвот на менаџментот на Марката, поддржан од тимот Heritage и главните експерти за историјата на Алфа Ромео.

• На официјалната интернет-страница на Алфа Ромео ќе дебитира нов оддел heritage комплетно редизајниран, каде Марката ќе ги пречека сите страсни сопственици кои сакаат да добијат сертификат и да ги реставрираат своите скапоцени автомобили.

На 39-ото издание на “Автомобили и мотоцикли од едно време”, еден од најзначајните настани во Европа за вљубениците во автомобили и мотоцикли од времето, е прилика за Алфа Ромео да ја претстави програмата heritage “Алфа Ромео Класика”, гама на услуги којашто има јасна цел, да ја промовира историјата на иконската италијанска марка. За прв пат во Стелантис, врвот на менаџментот на Марката е вовлече во прво лице во сите активности кои ја сочинуваат целата гама на наменски услуги. Всушност, со Комитетот за издавање сертификат ќе претседава генералниот директор и одговорен на Одделот за наследство, поддржани од Музејот Алфа Ромео, седиштето на регистри за производство и целата техничка документација која ја користи Комитетот за анализирање на информациите за прегледаните автомобили.

 

Жан Филип Импарато – Генерален директор на Алфа Ромео

 

“Алфа Ромео поминува низ една фундаментална фаза: историскиот период во кој се наоѓаме е вистинска еволуција. Иднината на Марката предвидува многу амбициозни цели, насочени кон редефинирање на концептот за спортски карактер во дваесет и првиот век, останувајќи притоа верен на сопствената ДНК. Во планирањето на иднината, нашето наследство е секогаш наш главен извор на инспирација. За нас, програмата за наследство Алфа Ромео Класика се стреми кон вреднување на историското автомобилско наследство, потврдувајќи ја автентичноста на автомобилите Алфа Ромео од едно време и давајќи им повторно живот на прекрасните примероци кои и ден денес ги воодушевуваат вљубениците во автомобилите од целиот свет.”

 

Програмата наследство Алфа Ромео Класика се состои од Сертификат за потекло – кој се дава на автомобилите Алфа Ромео почнувајќи од 2016 година, заедно со Сертификатот за автентичност  и Услугата за реставрација. Врвот на менаџментот на Марката претседава и интервенира лично во Комитетот кој врши проценка на историските автомобили и издава сертификати со поддршка на тимот за Наследство и експерите за историјата на Алфа Ромео.

 

Сертификат за потекло: Алфа Ромео нуди можност за откривање на историјата на секој автомобил одделно преку бројот на шасијата. Услугата предвидува грижлива проверка на документите од регистрите за производство на Марката и издавање на сертификат кој ја потврдува годината на производство и оригиналната конфигурација на автомобилот: спцифичностите на моделот, бројот на моторот, оригинални надворешни и внатрешни детали.

 

“Сертификат за автентичност”: Откако ќе се направи детална анализа на историскиот автомобил и ќе се проверат податоците за производството, како и техничките карактеристики во архивата на производителот, Алфа Ромео, со поддршка на Одделот за наследство, ја потврдува автентичноста на автомобилот од едно време. За да добие ваков сертификат, секој автомобил е подложен на строг процес на проверка и вреднување којшто го врши специјализирана екипа и ја констатира автентичноста на автомобилот, неговите делови и функционирањето на основните механички делови. Проверката на автомобилот се врши во класичните работилници на Мирафиори или пак во домот на сопственикот, ако тој тоа го побара, или пак во центрите Стелантис&Ти во Рим и во Палермо.

 

“Услуги за реставрација”: истата екипа што се грижи за историската колекција на Алфа Ромео е на располагање и на приватните клиенти, кога имаат потреба од едноставно одржување до комплетна реставрација на автомобилот: од дијагноза до интервенција, од поправка на единечни механички и естетски делови па се до ставање во функција на автомобилот.

 

Оддел наменет за сопствениците на ненадминливите икони на Алфа Ромео на официјалната интернет-страница на Марката

 

На сопствената интернет-страница Марката ќе воведе оддел наменет на програмата heritage “Алфа Ромео Класика” кој им овозможува на среќните сопственици на историски автомобили да ги користат услугите за добивање Сертификат и за реставрација. Тука ќе може да се добијат информации и неопходна поддршка за да се започне посебната персонализирана програма директно преку интернет-страницата на Алфа Ромео.

 

Торино, 19 октомври 2022