МОДЕЛОТ GIULIA QUADRIFOGLIO НА МАРКАТА ALFA ROMEO ПРОГЛАСЕНА ЗА
„BEST PERFORMANCE CAR FOR THRILLS“ НА КОНКУРСОТ 2023 WHAT CAR?
CAR OF THE YEAR AWARDS

 

• Alfa Romeo Giulia Quadrifoglio прогласена за Автомобил со најдобри возбудувачки перформанси ‘Best Performance Car for Thrills’ на Конкурсот What Car? 2023 – Car of the Year Awards, втора година по ред.
• Ова признание од влијателниот британски автомагазин What Car? доаѓа на 100-годишнината на иконската ознака Quadrifoglio (четирилисна детелника), симбол кој отсекогаш се поврзува со спортските автомобили на Alfa Romeo повеќе од еден век.
• Quadrifoglio стана дел од историјата на марката со големата победа на Alfa Romeo на трката Targa Florio во 1923, и оттогаш се наоѓа на автомобилите со високи перформанси.

Alfa Romeo Giulia Quadrifoglio е прогласена за „ Best Performance Car for Thrills “ на Конкурсот What Car 2023? Награди за автомобил на годината, втора година по ред. Од нејзиното лансирање, Giulia Quadrifoglio стана репер за технологија и перформанси во сегментот на спортски седани. Тоа е јасен манифест на вредностите кои доаѓаат со легендарната ознака, симбол на спортската душа на Alfa Romeo.


2023 се одбележува стогодишнината од првото појавување на Quadrifoglio, историската ознака која прв пат се појави во 1923 година на 14тото издание на трката Тарга Флорио. На специјалната “Corsa” (тркачка) верзија на новиот модел RL којшто беше подготвен токму за таа прилика. Покрај тоа што на овој автомобил му беше посветено внимание до најмалиот стилски детал, тркачкиот свет во тоа време бил прилично суеверен и се сметало дека е сосем на место да се подобри нечија среќа. Имајќи го ова на ум, на хаубата на автомобилот била насликана детелинка со четири листа, за која и ден денес се верува дека носи среќа. По големата победа, марката се искачи на планината Олимп на производители, а ознаката Quadrifoglio оттогаш се поврзува со тркачките автомобили на Alfa Romeo.


Стив Хантингфорд, уредник на What Car?, со пофални зборови за Alfa Romeo Giulia Quadrifoglio, истакна: „Додека некои автомобили со перформанси се обидуваат да ја надминат средината помеѓу перформансите, трошоците за работа и практичноста, Alfa Romeo Giulia Quadrifoglio бессрамно оди по нешто повеќе од што и да е друго: насмевки на километар. Голем дел од привлечноста на овој автомобил се должи на неговиот бурен 2,9-литарски V6 бензински мотор, кој обезбедува занесна бучава, особено во режимот на возење Race. А, управувањето на Quadrifoglio е уште поспецијално, со неверојатната агилност и извонредната природна рамнотежа што ви овозможува, со полна доверба, да ги истражите неговите граници.”


Џули Дејвид, извршен директор на Alfa Romeo во Велика Британија рече: “2023 ја означува 100-годишнината од појавата на ознаката Quadrifoglio на моделите на Alfa Romeo, затоа, честа што ја доби оваа награда, за Giulia Quadrifoglio претставува и сведоштво за возбудата и трепетот кои оваа легендарна ознака и понатаму им ги носи на возачите и индустриските експерти. Освојувањето на оваа титула, втора година по ред, покажува дека Giulia Quadrifoglio продолжува да го издржува тестот на времето како вистински автомобил со перформанси.”