ALFA ROMEO Е ПОДГОТВЕНА ДА
ГИ СТОПЛИ СРЦАТА НА ОБОЖАВАТЕЛИТЕ НА
ФЕСТИВАЛОТ GOODWOOD FESTIVAL OF SPEED 2022


Аlfa Romeo Тонале дебитира во Обединетото Кралство на Фестивалот на брзината (Festival of Speed) 2022.

  • Аlfa Romeo Ф1 тимот зазема иконска позиција заедно со возачот Гуанју Жу кој ќе ја одигра својата улога на славната патека “Hillclimb” зад воланот на Тонале.

  • На изданието 2022 дебитираат новите Џулија и Стелвио ESTREMA, првите светски специјални серии кои го добиваат максимумот кога станува збор за техничката префинетост и динамиката за возење.

  • Оваа година на Goodwood Festival of Speed, свое деби во Обединетото Кралство ќе има Аlfa Romeo Тонале, на познатата патека „Hillclimb“. Во сабота, на 25 јуни, Тонале ќе ги помине познатите 1,16 милји, а зад воланот ќе се најде Ф1 возачот Гуанју Жу. Во оваа прилика Алфа Ромео на обожавателите ќе им ги претстави и новите светски специјални серии на Џулија и Стелвио – ESTREMA.

    Тонале е првиот електрифициран C-SUV на Аlfa Romeo и модел којшто ја симболизира метаморфозата на марката, проектирајќи ја на тој начин во нова ера. Системот за електрификација е дизајниран така да биде во служба на марката и нејзината ДНК, нуди автентично хибридно возачко доживување, верно на динамиката на возење на вистински Аlfa Romeo автомобил, благодарение на специфичните технички решенија.

    Тонале е автомобил опремен со највисока технологија во историјата на Аlfa Romeo. Тоа е првиот автомобил воопшто, опремен со дигитален сертификат NFT, пионер во автомобилскиот сектор, со поврзување на максимално ниво и со иновативниот систем за информирање и забава проектиран за да овозможи ажурирање “Over The Air” како и интеграција со Amazon Alexa.

    Зад воланот на Тонале ќе се најде Гуанју Жу, за прв пат во историјата на Ф1 кинески возач. По одличното деби во неговата прва сезона, кога ги освои и првите бодови на трката во Канада, минатата недела, каде го оствари неговиот најдобар пласман. Жу, во Гудвуд ќе се сретне и со обожавателите на Моторспорт, каде топло ќе го пречекаат обожавателите присутни на Фестивалот на брзинат, еден од најзначајните мотористички настани на светот.

    И специјалната серија ESTREMA ќе дебитира во Обединетото Кралство, а посетителите ќе можат да го откријат на штандот на Аlfa Romeo. Џулија и Стелвио “ESTREMA” ги претставуваат првите светски специјални серии кои го добиваат максимумот кога станува збор за техничката префинетост и динамиката за возење на Аlfa Romeo.

    Верни на корените на Марката, направени се така да можат да пружат извонредно спортско возење на врвот во гамата: душата на Детелинката со четири листа – Quadrifoglio во автомобил за секој ден.

    Наменето за купувач кој внимава на одличните технички решенија, кои се способни да создадат вистинска „симбиоза“ со автомобилот, специјалното издание EXTREMA, во сериска опрема содржи активна суспензија и автоблокирачки диференцијал. Употребата на карбонски влакна му дава поголема леснотија и висок спортски сет.