„ЦЕЛОСНО-ИТАЛИЈАНСКОТО“
ПРИЗНАНИЕ НА TONALE НА
ГОЛЕМАТА НАГРАДА НА ИМОЛА


За кратко Аlfa Romeo Tonale ќе дебитира на патиштата. Ќе гледаме како се истакнува низ градскиот сообраќаен метеж со својот препознатлив италијански дизајн. Но, пред сè, Аlfa Romeo не ја пропушти приликата која се пружа само еднаш во животот: појавување на патеката на автодромот Енцо и Дино Ферари. Зад воланот се најдoa двајцата возачи Валтери Ботас и Џоу Гуанју.

Трите автомобили кои сугестивно ја формираа италијанската тробојка ја поминаа патеката возејќи еден до друг. Вистински почесен круг. Симболично признание за италијанизмот, за сè Made in Italy и за емоциите кои овој спорт ги предизвикува во срцата на милионите вљубеници низ целиот свет.

И не само тоа, Alfa Romeo поседува страст, суштинска вредност на сопствената историја и на трките воопшто, кои се вткаени во нејзината ДНК: 1950-тата беше првата автомобилска куќа која го освои првиот Светски шампионат во Формула 1.

Co Tonale, Аlfa Romeo останува верна на својата ДНК на благороден спортски дух од 1910, и радикално се развива и се проектира во новата ера на поврзаност и електрификација. Го поседува препознатливиот италијански дизајн. Врвната технологија и поврзувањето се на максимално ниво со комплетно нов систем за информирање и забава. За Tonale Аlfa Romeo осмисли единствени и ексклузивни технички решенија со кои ја истакнува сопствената ДНК и им нуди на корисниците единствено возачко доживување, типично за марката, со исклучително внимание кон деталите на кое се надоврзува постојаната потрага по висок квалитет.