Дизајнот на Tonale освои две титули на наградите
„Семеен автомобил на годината“.
- Читателите на германското списание AUTO Straßenverkehr ѝ доделија титула на Alfa Romeo Tonale за најатрактивното возило во својата категорија.
- Дизајнот на SUV-от на Алфа Ромео го освои првото место во две различни категории.
Препознатливиот стил на Alfa Romeo Tonale секогаш се забележува. Ова уште еднаш го потврдија читателите на германското списание AUTO Straßenverkehr кои со своите гласови го избраа Tonale за победник во две категории на наградите „Семеен автомобил на годината“, во ценовната гама од 35.000 до 45.000 евра. Дизајнот на Tonale, со 12,2% од гласовите, го зазеде првото место во категоријата за увезени возила и во генералниот пласман, со 7,3% од вкупните гласови, со што ја победи конкуренцијата на многу германски брендови.
“Изборот на читателите на AUTO Straßenverkehr кои го наградија дизајнот на Tonale сведочи за успехот на победничката формула која комбинира волшебен дизајн и извонредна практичност за употреба за семејствата“, коментира Стефан Черкез, главен уредник на AUTO Straßenverkehr. За да учествуваат во наградите „Семеен автомобил на годината“, возилата мора да нудат предности за семејствата: на пример, еден од најниските критериуми е волуменот на багажникот од најмалку 400 литри.
Директорот на марката Алфа Ромео во Германија, Николо Биаџоли, изјави: „Нашиот асортиман на производи воглавно е наменет за клиенти со вроден спортски дух, љубители на техника, иновации и италијански дизајн. Но, не само тоа, всушност огромно задоволство е да се види како Alfa Romeo Tonale всушност е ценет од многу поширока јавност, особено од семејствата, благодарение на неговата извонредна практичност.
Alfa Romeo Tonale е првиот автомобил во историјата на марката што воведува електрификација. Врвната верзија нуди plug-in хибридна технологија и Alfa™ Q4 погон на сите тркала каде што предната оска е придвижувана од 1,3-литарски турбо-бензински мотор со моќност од 132 kW (180 КС), додека задната оска е управувана од електричен мотор кој испорачува дополнителни 90 kW. Со моќност од 206 kW (280 КС) и максимална автономија во град од над 80 km (WLTP) во 100% електричен режим, Alfa Romeo Tonale Plug-in Hybrid Q4 совршено ја отелотворува спортската и ефикасна ДНК на марката.