TRUST IS GAINED – СТЕКНУВАЊЕ ДОВЕРБА: ВО ЕТЕРОТ Е
ВТОРАТА, ОЧЕКУВАНА ЕПИЗОДА ОД “BEYOND THE VISIBLE” – „ОД ДРУГАТА СТРАНА НА ВИДЛИВОТО“
• “Trust is gained” – „Стекнување доверба“ е наслов на втората епизода од возбудливата документарна серија на Алфа Ромео, насловена “Beyond the Visible” – „Од другата страна на видливото“, којашто ги открива случувањата “зад сцената и пошироко” на Алфа Ромео Ф1 ОРЛЕН тимот.
• Под рефлекторите, како функционира психо-физичката подготовка на возачите и мотивацискиот тренинг за достигнувања на највисоко ниво.
• Создадена за да ги воодушеви и оние кои не се експерти во Формула 1, новата епизода може да се види на социјалните и на официјалниот Јутјуб канал на Алфа Ромео, на следниов линк.
Во етерот е втората, очекувана епизода од возбудливата документарна серија на Алфа Ромео, насловена “Beyond the Visible” – „Од другата страна на видливото“, којашто ги открива случувањата “зад сцената и пошироко” на Алфа Ромео Ф1 ОРЛЕН тимот. Петте дигитални средби го креваат адреналинот и го откриваат секојдневието на преку 500 учесници во тимот на најгледаната автомобилистичка трка во светот.
Втората епизода со наслов “Trust is gained” – Стекнување доверба, ги насочува рефлекторите на интензитетот и концентрацијата со кои двајцата возачи Валтери Ботас и Жу Гуанју се подготвуваат, ментално и физички, за претстојната сезона. Подготовка, која се состои од интензивни психолошки тренинзи, исцрпувачки атлетски тестови и специјални технички проби кои симулираат настани на писта. Во неделите кои претходат на една трка, мотивацијата, страста и концентрацијата стануваат клуч за исполнување на една единствена цел: да се постигнат исклучителни перформанси.
Токму заради ова, професионални тренери од поедиечни области смирено и сталожено секојдневно работат со возачите, од тренинзи за спортските достигнувања, па сè до физиотерапевтите, од психолозите до психичките тренери. Психичката подготовка на возачите е основа за издржливоста на сè што носат 23-те трки, без да се загуби јасната прегледност и концентрацијата. На истиот начин важна е и спортската подготовка, во текот на која возачите минуваат низ разни активности во сала и имаат специфични сесии на симулатор. Силата и отпорноста стануваат најбитни, секако и тежината на возачите која не смее да се зголеми за ниту еден грам, бидејќи во Формула 1 само 1 грам прави огромна разлика. Специфичниот и функционалниот тренинг стануваат фундаментални за односот човек-машина, сè до најситните детали, и секако, интензивното работење на мускулатурата на вратот.
На достигнувањата на возачите влијаат и многу фактори за кои треба да се води сметка: долгите трансфери за да се стигне од еден на друг крај од светот, интензивната исцрпеност, стресот во деновите на трка. Секако, и односите кои се создаваат помеѓу луѓето во тимот и стануваат “енергија” која постојано ги поттикнува за одржување на максималното ниво на мотивација.
Така, во оваа втора епизода, јавноста ќе има можност да ги запознае и да почувствува дел од адреналинскиот свет на возачите на Алфа Ромео Ф1 ОРЛЕН тимот. “Trust is gained” е во етерот на социјалните и на официјалниот Јутјуб канал на Алфа Ромео. Stay tuned за наредните возбудливи епизоди!
Торино, 27 октомври 2022