“BEST IN CLASSIC 2024”: ТРИУМФ НА 33 STRADALE ВО МИЛАНО НА AUTOCLASSICA

На натрпеварувањето организирано од страна на Ruoteclassiche (Класични автомобили), во Милано на Саемот за Класични автомобили AutoClassica show, моделот на Alfa Romeo, 33 Stradale ја освои титулата “Best in Classic 2024” (Најдобар меѓу класичните автомобили 2024) во категоријата “Reloaded” (одново на пат). Дополнително признание за ова купе со две седишта наменето за посебни клиенти – суперавтомобил кој го слави вистинското мајсторство на изработка од минатото кое сè уште се смета за еден од најубавите автомобили на сите времиња. 

На доделувањето на наградата, Алехандро Мезонеро-Романос, директорот на Стилскиот центар на Alfa Romeo, ја истакна храброста на еден извонреден тим, чија визија и споделена страст беа искрите кои сонот го претворија во јаве. 

Благодарение на неговата неспоредлива скулптурна убавина и иновативните функции, 33 Stradale ја постави основата за идниот израз на дизајнот на Alfa Romeo, претставувајќи нов код за стил и уживање во возењето.