На конкурсот за избор на награди за дизајн autonis Design Award, Alfa Romeo Giulia и Stelvio наградени како “најубави” секој во својата категорија
• И годинава Алфа Ромео го повторува ланскиот успех на наградите за дизајн autonis на специјализираното списание за автомобилизам “auto motor und sport”
.• Во “средната класа” доминира Алфа Ромео Giulia со преку 66% од гласовите.
• Алфа Ромео Stelvio победува во категоријата “големи SUV/теренци”.
• 14.500 читатели учествуваа на конкурсот гласајќи за преку 100 автомобили, распределени во 12 категории.
Германското специјализирано списание за автомобилизам “auto motor und sport” и годинава го повтори мачното прашање до своите читатели: “Кој е најубавиот автомобил?” Одговорт е јасен: Alfa Romeo Giulia и Alfa Romeo Stelvio ги освоија наградите во категориите “автомобили со средни димензии” и “SUV/теренци”.
Во изданието 2023 на реномираните награди за дизајн autonis, горенаведеното "auto motor und sport" побара од своите читатели да одговорат дали дизајнот на еден автомобил може да биде извор на инспирација и неколку години по неговото прво појавување. Alfa Romeo уште од самиот почеток го постави својот дизајн врз принципот на “безвременска убавина”, и затоа не изненадува фактот дека преку 14.500 читатели кои учествуваа на конкурсот го дадоа својот глас за италијанската марка.
Спортската лимузина Алфа Ромео Giulia, подновена пред скоро време и повеќепати наградувана, победи во категоријата “автомобили од средна класа” со 66,4% освоени гласови. Во категоријата “големи SUV/теренци” се наметна Stelvio, и тој подновен во стилот и технологијата, co 39,7% од гласовите.
Алехандро Мезонеро, Директор за дизајн во Алфа Ромео: "Почестени сме и многу среќни што Giulia и Stelvio ги добија, повторно, овие значајни признанија за нивниот дизајн на изданието за 2023 на autonis. Вреднувањето на читателите на "auto motor und sport" за нас значи многу. Ги наградува посветеноста и страста со која Стилскиот центар на Алфа Ромео работи, кон остварување на целта да им понуди на своите клиенти неповторлив дизајн со кој ја одржуваат сопствената привлечност низ времето со силен идентитет."
Николò Бјаџоли, директор на марката во Германија, ги прими наградите на церемонијата за доделување на истите од страна на конгресот на списанието „auto motor und sport“ на Самот во Штутгарт."Убаво е да се знае дека вреднувањето на дизајнот на Алфа Ромео останува силно во Германија. Мојата искрена благодарност не само до читателите на "auto motor und sport", туку и на нашиот тим во Торино, Стилскиот центар на Алфа Ромео. Традицијата на извонредност на ншите дизајнери му дава на секој автомобил Алфа Ромео карактер По кој се издвојува и препознатлив стил на марката. Со верба гледам кон иднината и идните проекти кои ќе ги претставиме на нашите обожаватели во Германија."
На претходните изданија на autonis, читателите на “auto motor und sport” повеќепати го искажаа своето одушевување за дизајнот на Алфа Ромео, наградувајќи ги со: “најубав автомобил” Алфа Ромео Giulietta, MiTo, Tonale, а на претходното издание Giulia и Stelvio. На изданието 2023, 18-то од отворањето на конкурсот во трка влегоа преку 100 автомобили, распределени во 12 различни категории.