АЛФА РОМЕО НА ПРВО МЕСТО ВО СТУДИЈАТА НА
J.D. POWER „U.S. SALES SATISFACTION INDEXSM “
• Aлфа Ромео се пласира на првото место меѓу премиум марките, освојувајќи нови позиции и 25 поени повеќе во однос на 2021 – најголемо подобрување во премиум сегментот од кога и да е
Алфа Ромео води во класификацијата на премиум марките на сите брендови на Стелантис и стана првата автомобилска марка која се позиционирала во премиум сегментот на студијата на J.D. Power* „2022 U.S. Sales Satisfaction Index (SSI).SM“
Иконската марка регистрираше најголем пораст во сегментот – кој се состои од 14 марки – во однос на минатата година, со зголемување за 25 поени, освојувајќи вкупно 833 поени. Алфа Ромео, која стартуваше од деветтото место, го освои врвот во категоријата на премиум марките со скок од осум позиции.
“Квалитетот на нашите производи и грижата за клиентите се апсолутен приоритет за Алфа Ромео, и навистина сме горди кога гледаме дека нашите напори ја поставија марката на прво место меѓу премиум марките на J.D. Power „Sales Satisfaction Index”, изјави Лари Доминик, сениор потпретседател и извршен директор на Алфа Ромео за Северна Америка. “Сконцентрирани сме на постојано подобрување вкупното задоволство на клиентите на Алфа Ромео, и ова признание сведочи за нашето огромно внимание кое го посветуваме на беспрекорното работење на продажните места”.
Алфа Ромео е горда на постигнувањето на овој резултат, како признание на работата која ја обавува во Соединетите држави и сите активности, воведени за подобрување на квалитетот на услугите и задоволството на клиентите, не само во однос на производот, туку и за задоволство на клиентите, апсолутен приоритет за марката.
* J.D. Power е светски лидер во секторот за информации за потрошувачите, консалтинг услуги и анализа на податоците. Пионер во користењето големи податоци, вештачка интелигенција (AI) и можности за алгоритамско моделирање за да се разбере однесувањето на потрошувачите, повеќе од 50 години J.D. Power обезбедува увид во интеракциите со клиентите на марките и производите. Најважните компании во светот, во сите главни сектори, се потпираат на Ј.Д. Power да ги насочат нивните стратегии кон клиентите.