Aлфа Ромео во нашите срца
- Со Големата награда на Абу Даби завршува комерцијалната соработка помеѓу Алфа Ромео и Заубер Моторспорт во Ф1, која започна во 2018 година.
- Шесте сезони во Ф1, придонесоа за повторно лансирање на имиџот на марката Алфа Ромео и на развојот на нејзината авангардна технологија.
- Со големи емоции и признание, марката затвора уште едно поглавје во спортската историја во моторспортот, отсекогаш во ДНК-та на марката.
Со Големата награда на Абу Даби завршува партнерството меѓу Алфа Ромео и Заубер Моторспорт во Формула.
Во 2018 година, по повеќе од 30 години отсуство, Алфа Ромео со ентузијазам се врати на највисоките нивоа на моторспортот со стратешко, комерцијално и технолошко партнерство. 6 години плодна и страсна соработка помеѓу 2 компании, Алфа Ромео и Заубер Моторспорт, вистински протагонисти во историјата на Формула 1.
Време е да им се заблагодариме на сите оние кои ги споделија овие незаборавни години со Алфа Ромео. Посебна мисла за Серџо Маркионе, кој силно ја посакуваше оваа комбинација и кој решително го поддржа партнерството во 2018 година.
Огромна благодарност до возачите, по хронолошки редослед: Шарл Леклер, Маркус Ериксон, Антонио Џовинаци, Кими Раиконен, Жу Гуанју и Валтери Ботас кои се бореа за тимот во овие 6 години.
Посебна благодарност и аплауз до целиот тим на Заубер, почнувајќи од Фин Раусинг, Фредерик Васер прво, Алесандро Алуни Брави и Андреас Сејдл, за нивната постојана, страсна и професионална соработка.
Срдечна благодарност до сите тимски партнери кои го поддржаа тимот. Пред сè на Ферари за снабдување со погонските единици. Со огромно чувство на благодарност и за сите партнери поврзани со Алфа Ромео: Адлер, Ферари Тренто, Марели, Сабалт, и Веб Ајвеар. Честитки до Пирели, кој нè снабдуваше со пневматици и неговиот вреден придонес.
Искрена благодарност до ФИА и претседателот Бен Сулејем за поддршката. Аплауз до Ф1 и извршниот директор Стефано Доменикали за она што го прават за овој спорт, кои со посветеност продолжуваат да го привлекуваат вниманието на милиони фанови кон светот на трките и за нивната постојана достапност до Алфа Ромео.
Упатуваме најсрдечна благодарност до сите поддржувачи и обожаватели на прекрасното ПЛЕМЕ Алфа Ромео, кои ја поддржуваат марката со исконска страст од 1910 година, симбол на благородниот италијански спортски дух во светот. Срдечна благодарност до сите страсни новинари, професионалци и специјалисти за комуникација.
На крајот, честитки за нашите конкуренти на кои им посакуваме иднина богата со успеси на спортски план.
Жан Филип Импарато – Извршен директор на Алфа Ромео:
“На крајот од овие шест сезони, време е да се направи пресметка. За Алфа Ромео оваа авантура во Ф1 претставуваше меѓународна изложба на највисоко ниво, како и длабоко човечко и спортско искуство кое го поддржа развојот на нашите производи со одличен поврат на инвестициите, нудејќи моќна стратешка маркетинг платформа низ целиот свет за Алфа Ромео. Придобивките од аспект на прегледност претставуваат репер за целата групација Стелантис. Алфа Ромео во својата ДНК има има конкурентбост и ќе се врати да ги возбудува своите фанови што е можно поскоро, кога ќе бидат условите соодветни за тоа.”
По повод Големата награда на Абу Даби, C43 слегува на патеката со број 6, кој се појавува по целата површина на болидот, за да се прослават 6-те години партнерство со марката Заубер. Мотото “Alfa Romeo nei nostri cuori” - „Алфа Ромео во нашите срца“ го наоѓа своето место во живо сеќавање, како оддавање почит од страна на тимот на Заубер на марката и нејзиниот тим.
Кристијано Фиорио – Стратешки проекти на Алфа Ромео:
“Иновации, предизвикување на воодушевување, создавање емоции, не само со спортски резултати, туку и со генијалност и креативност, секогаш гордо носејќи го италијанското знаме. Ова е резиме на овие прекрасните години поминати со Заубер Моторспорт во Формула 1. Извонреден тимски дух кој ги обедини луѓето од Алфа Ромео Ф1 Тимот Stake, Алфа Ромео и Стилскиот центар во единствена голема екипа способна да црпи инспирација од минатото за храбро соочување со предизвиците на иднината. Овој дух ѝ даде живот на најголемата маркетинг операција на Алфа Ромео во последниве години. Можам само да бидам исклучително задоволен од она што го постигнавме заедно. Ви благодариме на сите и се гледаме!“
Но, не само тоа, 6-годишната соработка со тимот на Заубер Моторспорт значеше многу повеќе, а придобивките од партнерството ги надминуваат резултатите во трката. Всушност, Формула 1 е извонредна лабораторија за промени, пионерска во хибридната стратегија, во првите редови на одржливата технологија и во континуираната потрага по ефикасност. Специфичното техничко знаење и континуираното технолошко истражување на Sauber Technology презеде стратешка улога од големо значење во многу проекти на Alfa Romeo.
Да наведеме една GIULIA GTA и GTAm: резултат на интензивна синергија во развојот на јаглеродни компоненти со аеродинамично влијание, иконата на Alfa Romeo ги искористи вештините стекнати од Заубер во повеќе од 50 години на највисоките нивоа на моторспортовите.
Алфа Ромео и Моторспортот
Алфа Ромео е синоним за трки и технолошки престиж во целиот свет. Бескомпромисна кралица на Трките за Големата награда пред II Светска војна (во 1925 ГП Типо П2 доминираше на првиот Светски шампионат), Алфа Ромео учествуваше во Формула 1 и како конструктор и како производител на мотори од 1950, па сè до 1988 година. Уште на самото нејзино деби во 1950 и во 1951, Алфа Ромео победи на првиот Светски шампионат со возачите како што беа Нино Фарина и Хуан Мануел Фанџо. Од 1961 до 1979 Алфа Ромео учествуваше како добавувач на мотори за различни тимови од Ф1. Откако се врати во 1979 како конструктор, Алфа Ромео го освои шестото место со најдобар резултат на Шампионатот за конструктори во 1983. Потоа марката се повлече од Формула 1 во 1985 како тим и за после повеќе од 30 години, се врати во улога на протагонист.