ALFA ROMEO TONALE E НАЈПОСАКУВАН ПРЕМИУМ АВТОМОБИЛ ВО МАКЕДОНИЈА ЗА 2023 ГОДИНА
Alfa Romeo Tonale триумфираше на овогодинешното издание на националниот избор Златно Тркало и ја освои титулата Најпосакуван Премиум автомобил во Македонија за 2023 година.
Значењето на награда е големо затоа што гласањето се одвиваше онлајн од страна на пошироката јавност и за Tonale гласаа дури 35.64% од гласачите во категоријата.
Тонале е првиот електрифициран C-SUV на Alfa Romeo и модел којшто ја симболизира метаморфозата на марката, проектирајќи ја на тој начин во нова ера. Системот за електрификација е дизајниран така да биде во служба на марката и нејзината ДНК, нуди автентично хибридно возачко доживување, верно на динамиката на возење на вистински Alfa Romeo автомобил, благодарение на специфичните технички решенија.
Tonale е автомобил опремен со највисока технологија во историјата на Alfa Romeo. Тоа е првиот автомобил воопшто, опремен со дигитален сертификат NFT, пионер во автомобилскиот сектор, со поврзување на максимално ниво и со иновативниот систем за информирање и забава проектиран за да овозможи ажурирање “Over The Air”. Внатрешноста е дизајнирана за и околу патниците, каде што прецизното внимание на деталите е поврзано со постојана потрага по највисок квалитет.
Благодарни сме на сите страсни вљубеници во италијанската марка кои гласаа и кои во Tonale ја препознаа метаморфозата на Alfa Romeo: да се влезе во светот на електрификацијата, повторно измислувајќи го спортскиот дух за дваесет и првиот век.
Македонскиот избор Златно тркало е во организација на неколку специјализирани новинарски редакции Авто Плус, CARClub, Cars by Vik и RPM и се одвива веќе 4та година по ред.