ALFA ROMEO 33 STRADALE СВЕТСКА ПРЕМИЕРА: “IL CORAGGIO DI SOGNARE”

Сонот се оствари. Со престижен настан следен од илјадници луѓе ширум светот, Alfa Romeo официјално го претстави 33 Stradale, неверојатна креација родена кога се вкрстуваат храброста и страста.

Футуристичкиот суперавтомобил претставен од марката црпи инспирација од безвременската икона: визионерскиот 1967 33  tradale. Многумина го сметаат за најубавото возило на сите времиња, овој патен автомобил е дизајниран да го одрази смелиот став на Tipo 33, легендарниот Alfa Romeo кој доминираше на трките помеѓу 1967 и 1977 година.

Alfa Romeo 33 Stradale е Fuoriserie, ограничена серија, произведен во 33 примероци – и веќе распродаден. Тој е генеза на
заедничка соработка, креативен пристап кој вклучува активно учество на сопствениците во процесот на донесување одлуки. Бидејќи возачите беа целосно слободни да ги прилагодуваат своите автомобили, секој примерок на Alfa Romeo 33 tradale е целосно уникатен, што ја зголемува ексклузивноста на суперавтомобилот и го издигнува до вистинско уметничко дело.

Новата верзија на Alfa Romeo 33 Stradale ги реинтерпретира
стилските карактеристики на својот претходник од ултрамодерна перспектива, истовремено воведувајќи широк спектар на новитети.

Од неговата беспрекорна аеродинамика до неговиот функционален дизајн. Од вратите како пеперутка до тридимензионалното лого. Alfa Romeo 33 Stradale е олицетворение на неопходната убавина, дизајнирана да го прослави тркачкото наследство на марката и да отвори ново поглавје во нејзината благородна историја.