ПОВТОРНО НА ПАТЕКАТА ВО МОНЦА: ALFA ROMEO 33 STRADALE СЕ ВРАЌА ОНАМУ КАДЕ ШТО СÈ ЗАПОЧНА

Истиот ден, истото место, ново поглавје во историјата на Алфа Ромео. Иконскта 33 Stradale се враќа на патеката во Монца, 56 по нејзиното легендарно деби.

На 31 agosto, истиот ден кога беше претставена во 1967, новата 33 Stradale се враќа дома за да го прослави тоа што е Made in Italy и славната спортска традиција на Алфа Ромео. Изведена со филигранска прецизност и умешност, произведена во само 33 примероци, новиот супер-автомобил "со две седишта" се претстави на стартната линија со возачите на тимот Алфа Ромео Ботас и Жу Гуанју.

За да го прослави италијанскиот карактер и спортската историја на марката, враќањето се совпаѓа со Големата награда на Италија, каде тимот на Ф1 Алфа Ромео се претстави со специјалната боја на каросерија инспирриана од 33 Stradale. Ова враќање дома, претставува и оддавање почит на спојувањето на тркачките и патничките автомобили, како и враќање на Алфа Ромео во светот на моторспортот, благодарение на Проектот 33.

Создадена врз основа на славниот тркачки модел Tipo 33, моделот 33 Stradale, дизајниран од страна на Франко Скаљоне, отсекогаш ги соединувал во себе возбудувачките перформанси и безвременската убавина. На истиот ден, токму пред боксот на тимот на Ф1, истите силни емоции експлодираа кога се вклучија рефлекторите кон новата 33 Stradale: вистинскиот и прав "манифест" на способностите на марката – сегашни и идни – во однос на стилот и доживувањето при возење.