АЛФА РОМЕО ГО ЗАПОЧНУВА ПРВОТО ТРОМЕСЕЧЈЕ ОД 2023 ГОДИНА СО РЕКОРД
- Алфа Ромео го затвора првото тромесечје од 2023 година со рекордни бројки: новорегистрирани возила +136% во Европа, со двојно зголемено учество на пазарот во однос на 2022 година.
- На глобално ниво, податоците за новорегистрираните возиласе исклучително позитивни: +64% во споредба со истиот квартал во 2022.
- Учество на пазарот: двојно зголемени вредности во Италија, Франција, Германија и Холандија. Тројно се зголемија вредностите во Португалија и Австрија.
- На Средниот Исток, по затворањето на 2022 со голем пораст, марката повторно бележи извонредни резултати. Новорегистрираните возила достигнаа +149%.
- Протагонист на ваквиот силен пораст е комерцијалниот успех на Tonale, кој со лансирањето на Plug-In Hybrid Q4 моторот ја комплетира понудата на гамата, заедно со целосно обновена линија со новите Giulia и Stelvio претставени на крајот од 2022.
- Рекордните резултати од првото тромесечје претставуваат значајно признание за марката, бескомпромисно фокусирана на квалитет на 360°.
Алфа Ромео откако оствари исклучително позитивна 2022 година, повторно започнува со рекордна динамика во првото тромесечје, што е резултат на солиден стратешки план, реализиран со строгост и постојан фокус на квалитетот на 360°.
2023, ќе биде сложена и година богата со комерцијални предизвици во првото тромесечје, со остварен пораст во Европа co повеќе од удвоени бројки на новорегистрирани возила +136%. Удвоено е и учеството на пазарот +100%.
Учеството на пазарот подеднакво е во пораст и во регионот каде што, за да се наведат неколку „најдобри перформанси“, задолжително е да се пријават податоците кои се однесуваат на земји како Австрија и Португалија каде што новорегистрираните возила се бележат, следствено, +317% и +400% со тројно зголемување на учеството на пазарот. Клучните земји, како Италија, Франција, Германија и Холандија ги удвоија своите достигнувања, каде учеството на пазарот е двојно зголемено во споредба со првото тромесечје од 2022 година. Во однос на новорегистрираните возила, податоците покажуваат: Италија +188%, Франција +174%, Германија +112%, Шпанија +121%, и Холандија +186%
Исклучително позитивни се и податоците на глобално ниво, бидејќи новорегистрираните возила забележаа пораст од +64% во споредба со првото тромесечје од 2022 година. Одличните резултати опишуваат јасен пораст по затворањето на 2022 година, што ја истакна стабилната состојба на комерцијалните достигнувања, согласно консолидираните резултати во 2021.
На Средниот Исток продолжува исклучителниот пораст, после рекордната 2022 година. Всушност во 2022 година, Турција се наметна во светската панорама како пазар со најбрз пораст, обемот на продажба се зголеми за четири пати во однос на претходната година. Податоците кои се потврдени во првото тромесечје од 2023 година во регионот кој бележи пораст од 149%, при што Турција придонесува со 55% во вкупниот пораст на Блискиот Исток.
На глобално ниво, 2023 година ветува дека ќе биде година на големо комерцијално задоволство за италијанската марка која може да смета на целосно обновена гама благодарение на новите Giulia и Stelvio, камен-темелници на сегашната гама и столбови на идниот план за производи на марката, кои еволуираа во дизајн и технологија и се подготвени да се позиционираат како репер во нивните соодветни сегменти, онака како што го правеа тоа од самото лансирање. И Tonale кој го комплетира, со верзијата Plug-In Hybrid Q4, лансирањето на гамата во Европа и ги очекува возбудливите комерцијални предизвици во регионите ширум светот.
Жан Филип Импарато, директор на Алфа Ромео:
Резултатите што марката ги забележа во првото тромесечје од годината ја истакнуваат работата на тимот и дисциплината со која ја спроведуваме нашата стратегија, на два апсолутни приоритети: бескомпромисен квалитет на триста и шеесет степени и стабилност. Тимот работи со големо чувство на спокојство, постигнувајќи ги зацртаните цели и тоа нè прави горди, но свесни сме дека мораме да продолжиме по патот со страст и одлучност што нè издвојуваат, доколку сакаме да ги достигнеме амбициозните цели, зацртани во нашиот план.
*Извор: Stellantis Analytics, врз основа на официјалните податоци за јавна регистрација кои доаѓаат од земјите.