Алфа Ромео Tonale, новиот „Пантер“ на полицијата
- Во Стилскиот центар на Алфа Ромео во Торино, симболично беше предадена првата Алфа Ромео Tonale која ќе стане дел од возниот парк на Државната полиција.
- На приморедавањето беа присутни Министерот за внатрешни работи, Матео Пиантедози, Шефот на полицијата, Виторио Пизани, управниот директор на Алфа Ромео, Жан-Филип Импарато и генералниот директор на Стелантис Италија, Санто Фичили.
- Ќе бидат донирани 850 автомобили Алфа Ромео Tonale опремени со специфична конфигурација, наменети за итѕалијанските полициски станици за територијална контрола.
- На тој начин се обновува историскиот спој меѓу Алфа Ромео и Државната полиција кој започна во далечните ’50 со 1900 Super TI speciale и продолжи низ годините со автомобилите на Алфа Ромео кои ја испишаа автомобилската историја како што се: Giulietta 1300, Giulia Super 1600, 33, 155, 159 и
Торино, 29 ноември 2023 – На патиштата пристигнува новата Алфа Ромео Tonale во боите на Државната полиција. Возилата на “Пантерa” имаат спортски и строг стил и набрзо ќе почнат да ги користат полициските станици за контрола на територијата. (Полицискиот возен парк на Италија е наречен „Пантерa“ - пантер, по црниот автомобил Ferrari 250 GTE доделен на маршалот од Сиракуза Армандо Спатафора, поради неговата агилност и предаторска брзина, слични на пантерот, за потоа, името да го преземат сите автомобили кои ги користи Државната полиција, меѓу кои и Алфа Ромео Giulia Super).
Во Стилскиот центар на Алфа Ромео во Торино, симболично беше предадена новата членка на Squadra Volante – Летечкиот одред, првата Алфа Ромео Tonale. На настанот присуствуваа Министерот за внатрешни работи, Матео Пиантедози, Шефот на полицијата, Виторио Пизани, управниот директор на Алфа Ромео, Жан-Филип Импарато и генералниот директор на Стелантис Италија, Санто Фичили.
Опремени со хибриден бензински мотор со работна зафатнина од 1.500 cm3 со 163 КС, автоматски менувач со 7 брзини, балистичка заштита и некршливи стакла, како и со технолошкиот систем “Mercurio Extended”, кој се користи за забрзување на контролата за време на оперативните интервенции, автомобилите ќе бидат распоредени во Бироата за општа превенција и јавна помош при полициските станици и на главните полициски комесаријати, уште од овој декември.
Вкупно ќе бидат распоредени 850 автомобили, како дел од тендерот Consip од 2022 наменет за полициските сили и којшто го доби Стелантис, кои ќе станат дел од возниот парк на Државната полиција во првото полугодие од 2024.
На тој начин се обновува историскиот спој меѓу Алфа Ромео и Државната полиција кој започна во далечните ’50 со 1900 Super TI speciale и продолжи низ ’60 и ’70 години со иконските автомобили Giulietta 1300 и Giulia super 1600, потоа летечките азурно-бели Алфа Ромео 33 кои се појавија на италијанските патишта на почетокот на ’80, за да бидат заменети низ времето со Алфа Ромео 155, 159 и Giulia.