НОВИОТ ALFA ROMEO MILANO: СПОРТСКИОТ АВТОМОБИЛ СТАНУВА КОМПАКТЕН
Спортски дух, компактни димензии и италијански стил на прв поглед. Исчекувањето заврши, Алфа Ромео го претставува новиот MILANO на интернационалниот печат токму во Милано, во историското седиште Automobil Club Milano, на неконвенционален начин и со двојна цела: од една страна, да го покаже новиот израз на Алфа Ромео; а од друга страна, да ја потврди суштествената и горда поврзаност со градот во кој е создадена марката Алфа Ромео во далечната 1910 година, амблем на совршената рамнотежа помеѓу иновацијата и традицијата, основни карактеристики кои ја поврзуваат марката со нејзиниот роден град.
За да ја одигра улогата на протагонист, Алфа Ромео предлага најспортски компактен автомобил кој предизвикува емоции во целокупната категорија, единствен кој е во состојба да “разговара” co оние кои ги сакаа Giulietta и Mito, и да привлече кон себе нова генерација на Алфисти.
MILANO е инклузивен и на сите им нуди можност да пристапат до атрактивен автомобил, препознатлив на прв поглед. Неговата мисија е освојување на новата генерација, а тоа го прави преку нов дизајнерски јазик. Она што, сепак, не е променето, е вродениот став кон спортските карактеристики, нарав којшто Алфа Ромео го има уште од 1910 година, спортски карактер сфатена како привлечно возачко доживување во секојдневниот живот.
Во сегмент, преполн со спортски верзии изведени од генерализирани модели, MILANO се претставува како кул и уникатен објект, кој ги спојува атрактивниот стил со најнапредната технологија во однос на поврзувањето и динамиката на возење. Нема компромис за удобноста, како што го потврдува и најголемиот багажник меѓу премиум конкурентите (400l). Потоа, MILANO е достапен во хибридна и електрична верзија, без притоа да направи естетска или разлика во опремата, бидејќи единственото нешто што е важно е неговото 100% битие Алфа Ромео.
MILANO е достапен во „IBRIDA“ конфигурации, прв е, којшто во сегментот што нуди и Q4 варијанта со погон на сите тркала со автоматско управување на оската на задните тркала и „ELECTRIC“, во 2 варијанти на моќност со 156 КС и автономија до 410 km и поспортскиот VELOCE со 240 КС, максимален израз на спортската ДНК на Алфа Ромео. Дизајнот еволуира во неговите карактеристични црти, создавајќи непосредна емотивна врска. За останатото, Алфа Ромео отсекогаш била насочена кон оние кои не бараат само „превозно средство“ во автомобилот, туку и симбиоза, врска која ќе успее да предизвика „автентични емоции“.
Затоа, предодреден длабоко да го промени концептот на спортскиот стил во најрелевантниот сегмент во Европа, новиот MILANO е створен од прецизната желба да му даде на еден компактен автомобил, долг нешто повеќе од 4 метри, сосема нов, актуелен спортски дух, кој оди уште подалеку со перформансите и се вивнува кон идеалот за спортско позиционирање, единствениот дух на Алфа Ромео. Тоа е секако смела и амбициозна цел, која може да ја постигне само авторитетна марка со повеќе од еден век спортска историја, создадена на тркачките патеки и секојдневни патишта. И сосем накратко, MILANO е еден вид прирачник на италијанската марка, како да се задоволат сетилата, бидејќи автомобилот е и останува возбудлив производ што треба да се доживее со страст и вклученост.