Alfa Romeo Junior избранa за “Новитет на годината за 2025” од читателите на Quattroruote

Alfa Romeo ја започнува 2025 година со престижно признание: читателите на Quattroruote ја изразија  својата наклоност кон Alfa Romeo Junior како „Новитет на годината за 2025 година“. Гласањето, спроведено преку интернет од страсните читатели ентузијасти, го награди најновото ремек дело на Бишоне со 16% предност пред останатите 19 кандидати, избрани од редакцијата како најинтересни новитети во претходната година.

 

Спортски по дух, компактен по големина и италијански стил на прв поглед,  Junior ја претставува новата влезна порта во светот на Alfa Romeo за сите обожаватели на Alfa Romeo и останатите, кои го чекаа враќањето на марката во сегментот Б, еден од најважните во Италија и Европа. За да игра водечка улога, Alfa Romeo понуди најспортски и највозбудлив компактен автомобил во целата категорија, единствениот во состојба да „води дијалог“ со оние што ги сакаа Giolietta и MiTo и да привлече нова генерација на Алфисти.

 

Достапен во две конфигурации, Ibrida и Eletricca, новиот Junior им се придружува на останатите шест модели на Alfa Romeo кои веќе го добија ова признание: 147 (2001), MiTo (2009), Giulietta (2011), Giulia (2017), Stelvio (2018) и Tonale (2023).

 

Антонела Бруно, генерален директор на Стелантис во Италија, изјави: „Alfa Romeo Junior е модел во кој многу веруваме, а резултатите го потврдуваат тоа: речиси 5.000 нарачки и 2.300 новорегистрирани возила во втората половина од минатата година. Неговиот препознатлив дизајн и брилијантните перформанси ја освојуваат помладата и подинамична јавност, со одлични повратни информации од клиентите“.

 

Рафаеле Русо, управен директор на Alfa Romeo Италија, додаде: „Добивањето на ова признание е извор на голема гордост за нас и нè турка да бидеме подобри секој ден. Читателите на Quattroruote ја ценат вредноста и убавината на нашиот Junior, како кул и уникатен автомобил кој комбинира атрактивен стил со најнапредна технологија во однос на поврзувањето и динамиката на возењето“.

 

Торино, 3 февруари 2025