Alfa Romeo Junior го освои Трофејот за дизајн во Германија
Претставен пред меѓународниот печат неодамна, новиот автомобил на Алфа Ромео, Junior го добива првото признание за неговиот дизајн благодарение на анкетата на читателите на германското специјализирано списание AUTO ZEITUNG. Новиот спортски компактен автомобил го освои Трофејот за дизајн, признание за најдобар дизајн во категоријата „Мали автомобили/Градски автомобили/Компактни“. На конкурсот учествуваа вкупно 63 конкурентни модели.
Новиот Alfa Romeo Junior е совршен манифест на филозофијата за дизајн на марката. Неговите компактни димензии во себе ги содржат единственоста на дизајнот Made in Italy на Стилскиот центар Алфа Ромео, оригинален и модерен, изразен преку рамнотежа на пропорциите, чистота во линиите и грижа за квалитетот на површините. Тоа е “кожата” која дизајнерите на Алфа Ромео ја моделираа преку филигранска изработка на механичките делови, комплетно издвојувајќи се од концептите на студена рационалност која преовладува во категоријата, за да даде живот на заоблен дизајн, кој паѓа в очи на прв поглед.
Високо емотивен дизајнерски јазик со функционални стилски елементи вкоренети во наследството на марката како што е иконската скратена опашка -„Coda Tronca“, јасен пример за стил и функционалност. Скратената опашка, всушност, покрај оддавањето почит на иконските автомобили како што е легендарната Giulia TZ, е функционална и за подобра аеродинамика која гарантира поголема брзина, агилност и ефикасност.
Решителниот “поглед” со предни фарови во форма “3+3” и оптичките групи со Full Led Matrix адаптивни светла претставуваат карактеристичен потпис, како што тоа го прави и легендарниот штит, за прв пат на располагање во две варијанти, наречени Leggenda и Progresso. Првата варијанта, Leggenda, има црна решетка украсена со потписот на Алфа Ромео со ракосписни букви, што потсетува на спортските автомобили на Алфа Ромео од ’20-те и ‘30-те. Варијантата Progresso, директно инспирирана од новиот автомобил Alfa Romeo 33 Stradale, е всушност исклучително смела и спортска реинтерпретација на крстот и змијата – Бишоне (карактеристичниот знак на Ала Ромео).
Во внатрешноста, веднаш се забележува прецизната грижа за деталите, високиот квалитет на тапацирот и сеопфатното чувство да се биде во комфорна зона со спортски карактер и изразен италијански квалитет.