АLFA ROMEO ГО ИНАУГУРИРА
НОВИОТ ИДЕНТИТЕТ ВО МИЛАНО


По повод комерцијалното лансирање на Тонале на главните европски пазари, Аlfa Romeo инаугурира нов врвен продажен салон во Милано во рамките на Stellantis & You Sales & Services.
Ова е првиот изложбен салон во светот со новиот идентитет на марката, каде што може да се искуси извонредно сетилно доживување и да се откријат незините основни вредности и нејзината визија за иднината.
Инспирирана од материјали со уникатни ефекти, атмосферата што се вдишува е суштинска, технолошка. Карактеристичната „Алфа“црвена боја потсетува на исконските емоции на марката. Нов идентитет за врвно доживување на клиентот. Тонале е главен лик, моделот на Метаморфозата, кој ја проектира Аlfa Romeo во новата ера на поврзување и електрификација и ја отсликува нејзината ДНК на благороден италијански спортски дух од 1910 година.

Во склоп на прославата за комерцијалното лансирање на Тонале на главните пазари, во Милано се одржа инаугурација и на новиот премиум продажен салон на Аlfa Romeo, во рамките на Stellantis&You Sales&Services, првиот изложбен салон во светот кој го претставува новиот идентитет на марката, со интерпретирање на современ начин на стилските канони типични за марката која е создадена токму во градот на Висконти (најпознатата владеачка династија во Милано) во 1910 година за да се прослави и утврди низ целиот свет.

Симболично на истите места каде што се наоѓаше Портело, првата производствена локација на Аlfa Romeo, во 1910 година, денес сме сведоци на ново фундаментално поглавје за марката. Нераскинливата врска помеѓу Аlfa Romeo и интернационалната и мултиетничка престолнина на италијанската мода, дизајн и креативност дополнително се консолидира. Тое се, всушност, два симбола Made in Italy кои меѓусебно се надополнуваат, при што славното минато е извор на инспирација за поодржлива, технолошка и похрабра иднина. Човекот е постојано во центарот, со своите страсти и желби. Поради ова, Аlfa Romeo нуди извонредно доживување за клиентот во текот на откривањето на нејзините идентитетски вредности и нејзината визија за иднината.

Со модерен и линеарен дизајн, новиот врвен изложбен салон на Аlfa Romeo се одликува со суштинско и технолошко опкружување во кое владее силна хармонија помеѓу елементите што го сочинуваат. Надвор од салонот, посетителите се пречекани со натписот Аlfa Romeo на врвот – иаспишан со традиционалните ракописни букви – и со големиот црвен тотем на страната на влезот, со ефект на огледало, кој концептуално придонесува за исконско доживување: клиентот, всушност, се огледува во објектот што ги претставува вредностите на марката, со што се создава еден вид симбиоза помеѓу племето и новата куќа на Аlfa Romeo.

Неизбежната црвена „Алфа“ боја, енергична и смела, која потсетува на исконските емоции на марката ја отсликува нејзината ДНК на благородниот италијански спортски дух од 1910 година. А, токму живоста на црвената, во комбинација со елеганцијата на сивата боја, во сите нејзини нијанси, ја искажува својата врвност и технологијата за соборување на рекорди, својствена за гамата Аlfa Romeo. Токму комбинацијата на страст и иновација ја прави оваа италијанска марка посебна, одредена да одигра клучна улога во премиум понудата на Групацијата Стелантис.

Со инспирација од природата, ентериерот на изложбените салони комбинираат материјали со уникатни ефекти, иновативни текстури и бои кои потсетуваат на процесот на оксидирање. Така, црвената станува блесок на магма помеѓу карпите и топлото светло на црвените LED диоди е карактеристично обележје коешто ги осветлува сите зони на изложбениот салон. Така, силата и убавината на природата стапуваат на сцената, совршено се вклопуваат во технолошката и дигиталната димензија, уште една препознатлива карактеристика на новата генерација на Аlfa Romeo. И штом ќе влезе внатре, посетителот го плени извонредно привлечното доживување, потполно единечно, до различните зони на кои е поделен продажниот салон.

Во зоната на „Lounge“ (место за одмор), на пример, може е да се доживее вистинското минато на марката и нејзината легендарна историја, со прелистување на бројните изложени книги, со купување на производи поврзани со марката или едноставно да се релаксира во ексклузивното кафуле.

За разлика од оваа, зоната „Join the Tribe“ (Приклучи се на племето) претставува врата кон иднината на марката, каде што може да се дознаат идните решенија на Бишоне, како и да се утврди чувството за припадност на „племето“ на Аlfa Romeo, една посебна заедница која се препознава по вредностите на марката. Новиот изложбен салон го комплетира зоната за купување, по настрана и зоната наменета за постпродажбата, уште еден фундаментален чекор во доживувањето на клиентите на Аlfa Romeo, каде што се следат одредените временски периоди за проверка и сервисирање на возилата, за да бидат задоволени сите потреби што може да ги има премиум клиентот.

Очигледно протагонистот во новиот продажен салон од ваков тип во Милано е Аlfa Romeo Тонале, првиот електрифициран компактен SUV во нејзината историја. Италијански дизајн, светска технологија, електрификација, неспоредлива динамика на возење, при што централно место зазема возачот: ова се петте дизајнерски основи на Тонале, стратешки модел што ја означува метаморфозата на марката кон новата ера на поврзување и електрификација.