AЛФА РОМЕО СЛАВИ ТРИ ПОБЕДИ НА “SPORT AUTO AWARD 2022”

• Читателите на списанието ја избраа Алфа Ромео Giulia за нивни број еден во ни помалку ни повеќе три категории.
• Победници се Алфа Ромео Giulia Veloce, Алфа Ромео Giulia Quadrifoglio и Алфа Ромео Giulia GTAm.
• Сите три модела беа меѓу победниците на “sport auto AWARD” минататагодина. Алфа Ромео Giulia Quadrifoglio освојува победа кај читателите веќе шест пати едноподруго во остра конкуренција.

 

Алфа Ромео повторно победува на изборот на списанието “sport auto AWARD”. Како и минатата година, Алфа Ромео Giulia победува во три класи одеднаш. Ова значи дека италијанскиот спортски седан уште еднаш е еден од фаворитите на читателите на ова автомобилско списание. Изминатите години, тие, исто така, ја бираа Алфа Ромео Giulia за еден од победниците.


Шести пат едноподруго, Алфа Ромео Giulia Quadrifoglio победува на значајниот избор во категоријата “Седани/Каравани до 100.000 евра”. Со 510 КС моќност,делови на каросиеријата изработени од карбонски влакна, систем за кочење со високи перформанси и спортско потпирање Алфа Ромео Giulia Quadrifoglio е еден од најспортските седани на пазарот.


Како и во 2021, Алфа Ромео Giulia Veloce е победник во категоријата на увезени автомобили “Седани од сериско производство /Каравани до 75.000 евра”.  Како што и самото име Veloce – брз – ветува, стандардната опрема е навистина спортска. Покрај 2.0-литарскиот турбобензински мотор со 280 КС, извонредната опрема вклучува и Алфа РомеоTM Q4 интегрален погон, AlfaTM Q2 механички диференцијал со ограничено лизгање, 19“ алуминиумски тркала и спортски седишта обложени со кожа.


Во значајната класификација во категоријата “Седани од сериско производство /Каравани над 100.000 евра”, читателите ја избраа Алфа Ромео Giulia GTAm за победник – тркачки автомобил со патничка регистрација. Специјален модел, произведен во стриктно одреден број на примероци и веќе распродаден, врз основа на врвната верзија Quadrifoglio. Специјалната опрема содржи и зголемена моќност од 540 КС како и специјално произведена аероднамика, водена од техничката експертиза која доаѓа директно од Формула 1, резултат на синергијата со Sauber Engineering.


“Практично од нејзиното лансирање на германскиот пазар, Алфа Ромео Giulia секоја година е меѓу победниците на ‘sport auto AWARD’. Овој успех и нагласениот ентузијазам на читателите на ‘sport auto’ за нашиот бренд ме прави многу горд. На годинешниве тековните избори, различните моделски верзии на нашата спортска лимузина повторно освоија три категории – толку е добро. Би сакал да им се заблагодарам на германските фанови на Алфа Ромео за довербата“, изјави Николо Биаџоли, директор на брендот Алфа Ромео.


Изборот на “sport auto AWARD 2022” беше 30-то издание на изборите. Околу 10.000 читатели гласаа за своите фаворити во 28 категории, секоја со дополнет увозен рејтинг. Во годинешната конкуренција, во изборот учествуваа вкупно 232 модели на возила.