ВО ГЕРМАНИЈА ALFA ROMEO GIULIA УШТЕ ЕДНАШ Е “НАЈДОБАР АВТОМОБИЛ”

 

• Италијанската спортска лимузина ја доби наградата „Најдобар автомобил од увоз со средна големина” на конкурсот за “Најдобар автомобил 2023” на кој гласаа читателите на познатото автомобилистичко списание “auto motor und sport “*.

 

• Победата на конкурсот “Најдобри автомобили 2023″ за Alfa Romeo Giulia претставува успех по шести пат за седум години.

 

• Во категоријата “увозни автомобили со средна големина” читателите на “auto motor und sport” го искажаа своето мислење помеѓу 18-те кандидати.

Шест победи на седум изданија за германската награда: Alfa Romeo Giulia е несомнено еден од најценетите автомобили од страна на читателите на германското списание “auto motor und sport”. Преку 100.000 учесници на конкурсот за “Најдобри автомобили 2023″ ja наградија на Alfa Romeo Giulia поставувајќи ја на првото место во категоријата ” Увозни автомобили со средна големина”. Италијанскиот спортски автомобил триумфира во својата категорија во конкуренција на уште 17 конкуренти, со 19,5% од гласовите.


И новиот модел на Alfa Romeo, Tonale наиде на симпатии кај љубителите на автомобили во Германија, освојувајќи го одличното второ место во категоријата “Компактни SUV возила од увоз”. И не само овие два, и моделот Stelvio на Алфа Ромео, како D-SUV возило, се пласира меѓу првите три на врвот во категоријата “Големи SUV возила од увоз”.


За “auto motor und sport” ова е веќе 47-мо издание на конкурсот за “Најдобри автомобили”. Списанието побара од своите читатели да го искажат своето мислење за 422 возила кои во моментов се наоѓаат на пазарот, поделени во 13 категории, вклучувајќи и возила од увоз. Наградата е доделена на 9-ти февруари во Штутгард, а ја прими Николò Бјаџоли, директор на марката за Германија.


“Би сакал да се заблагодарам од сè срце на читателите на “auto motor und sport” за нивното внимание и ентузијазам кои ги покажаа за Alfa Romeo Giulia, и одново ја прогласија за еден од победниците на конкурсот ‘Најдобри автомобили’. Овој успех сведочи за големата доверба која Alfa Romeo ја добива и за нас е стимул да продолжиме со остварување на амбициозните цели кои Alfa Romeo ги има во план.”


* објавено во „auto motor und sport“ Бр. 5/2023 од 9-ти февруари 2023