Alfa Romeo Junior е финалист на “Car Of The Year” (Автомобил на годината)
Alfa Romeo со голема годост објавува дека влезе во финалето на интернационалниот конкурс за Автомобил на годината - “Car Of The Year”. Моделот Junior беше тестиран и оценет од страна на жирито составено од 60 новинари, експерти во автомобилскиот сектор од 23 европски земји.
Скратениот список е, всушност, намалување на бројот на претендентите за титулата од 42 на само 7 автомобили, кои од денеска ќе бидат предмет на дополнителни технички проби и динамички тестови. Меѓу овие 7, автомобилот што ќе собере најголем број гласови ќе биде избран за Автомобил на годината на Саемот за автомобили во Брисел на 10 јануари 2025 година.
Спортски во срцето, компактен по големина и италијански стил на прв поглед. Junior ја претставува новата порта за влез во светот на Alfa Romeo не само за Алфистите, туку и за сите оние кои го чекаа враќањето на марката во овој сегмент. За да игра водечка улога, Alfa Romeo го нуди најспортскиот и највозбудливиот компактен автомобил за возење во целата категорија, единствен кој може способен да „разговара“ со оние што ги сакаа Giulietta и Mito и да привлече нова генерација на Алфисти. Junior е инклузивен и им нуди на сите можност да пристапат до препознатлив и атрактивен автомобил. Неговата мисија e oсвојување на новата генерација, а тоа го прави преку нов дизајнерски јазик. Меѓутоа, она што не е променето е вродениот однос кон спортскиот стил сфатен како привлечно возачко доживување во секојдневниот живот.
Junior се наметнува како уникатен и вистински „cool“ предмет, комбинирајќи го атрактивниот стил со најнапредната технологија во однос на поврзувањето и динамиката на возење. Нема компромис ниту кога станува збор за удобноста, како што е докажано со најголемиот багажник меѓу премиум конкурентите (400l). Понатаму, комерцијалната гама на Junior е најширока во сегментот и нуди целосна слобода на избор без да се откаже од препознатливиот спортски изглед.
Junior е достапен во конфигурации “IBRIDA”, 48v Hybrid VGT (Variable Geometry Turbo) со 136 КС, прв во сегментот кој нуди и варијанта со интегрален погон Q4, и “ELETTRICA”, во 2 варијанти на моќност со 156 КС и автономија до 410 km, и најновата, спортска верзија VELOCE co 280 КС, максимален израз на спортската ДНК на Alfa Romeo.
Торино, 15 ноември 2024