Alfa Romeo 33 Stradale победник на Конкурсот “Новитет на годината 2024”

  • Co 44,5% гласови „за“, читателите на списанието Quattroruote (Четири тркала) ја доделија специјалната награда “Dream” на привлечниот суперавтомобил на Alfa Romeo, “манифест” на Марката создаден од храброста да се сонува.
  • Произведен во само 33 ексклузивни, веќе продадени примероци, новото купе со „две суви седишта“ го соединува наследството со иднината на марката, симбол на италијанското спортско благородништво. 

Новата Alfa Romeo 33 Stradale триумфира на годишниот конкурс организиран од списанието Quattroruote уште од 2000 година. Со извонредни 44,5% гласови „за“, ексклузивното ново купе со „две суви седишта“ ја освои специјалната награда во категоријата Dream, потврдувајќи ја привлечноста на автомобил направен по нарачка, создаден од храброста да се сонува.

 

Пристигна на 25-то издание и победи, од 2022 година на престижниот референдум се доделуваат и три специјални награди во категориите Concept, Dream и Lifestyle. Учествуваат оние спортски или посебни модели кои поради својата привлечност се исклучени од потесниот избор на кандидати за наградата „Новитет на годината“, поле на кое титулата неколкупати ја освојуваше токму италијанската марка, и тоа со моделите 147 (2001), MiTo ( 2009), Giulietta (2011), Giulia (2017), Stelvio (2018) и Tonale (2023).

 

Во секоја од трите специјални категории, уредничкиот тим на Quattroruote избра по четири автомобили и побара од читателите да го кажат своето мислење, преку интернет-страницата на списанието и социјалните канали. Победата на новиот автомобил на Alfa Romeo, 33 Stradale е далеку пред останатите конкуренти, три суперавтомобили од реномирани меѓународни брендови.

 

Произведен во само 33 ексклузивни, веќе продадени примероци, новиот 33 Stradale е осмислен за да биде уникатно и неповторливо уметничко дело, благодарение на најновото ниво на персонализирање. Новиот суперавтомобил на Alfa Romeo е произведен во соработка со каросеријата Touring Superleggera, која користи уникатен филигрански процес, со исклучително високи стандарди за квалитет и опсесивна грижа за деталите.

 

Неговата цел е да го пружи највозбудливото доживување при возење и да блеска со безвременската привлечност на една икона, на многу мал круг ентузијасти, кои веруваа во проектот од самиот почеток. Новиот автомобил 33 Stradale, всушност, е создаден во најновата работилница на Alfa Romeo, „Bottega“, каде дизајнерите, инженерите и историчарите на марката, прво ги ислушаа потенцијалните купувачи, а потоа го создаваа заедно, токму како што се случи во ренесансните занаетчиски работилници или во работилниците на познатите италијански каросеристи во шеесетите години.

 

Рафаеле Русо, директор на Alfa Romeo за Италија, изјавува: “Горди сме што го добивме ова престижно признание, кое му беше доделено на новиот 33 Stradale од читатели на Quattroruote, автентични ентузијасти и експерти во меѓународниот автомобилизам. За да го претворите сонот во стварност, потребна ви е, пред сè, добра доза храброст и малку здраво лудило. Истите состојки со кои 33 Stradale беше создаден во 1967 година, според многумина, сè уште се меѓу најубавите автомобили досега. Денес, со истата дрскост и визија, Alfa Romeo го создаде новиот 33 Stradale, „манифестот“ на она што италијанската марка може да го направи - и ќе го направи - во однос на стилот и доживувањето при возење.

 

Торино, 1 февруари 2024