Alfa Romeo 33 Stradale. Еве го неговиот “рик”.

Алфа Ромео им го открива на обожавателите на марката “рикот” на новиот автомобил 33 Stradale линк кон видеото

 

Сè до денес, секој кој можеше лично да го види стилскиот прототип на новиот 33 Stradale, можеше да го процени, единствено на статичен начин, единствениот дизајн кој на беспрекорен начин и со голема почит ги реинтерпретира одликите на 33 Stradale од 1967 година. Од денес, обожавателите можат да уживаат во „рикот“ типичен за Алфа Ромео на верзијата опремена со битурбо мотор V6 со преку 620 КС. Речиси една година по неговото претставување во Музејот во Арезе, инженерскиот тим на Алфа Ромео е сконцентриран на динамичкиот развој на вонсерискиот автомобил, прозведен во само 33 примероци, и има две амбиции: да понуди извонредни перформанси, бескомпромисни во однос на комфорот и едноставноста на користењето како на писта, така и во секојдневното возење.

 

За време на динамичките тестови, беше можно да се долови звукот на моторот и истиот може да се слушне на официјалните социјални канали на марката со содржина која го репродуцира преку правење паралела со елегантни, хармонични и софистицирани мелодии од класичната музика. Препознатлив Алфа Ромео звук, звучен столб на моќност и прецизност, резултат на механичката мајсторија и италијанска страст.

 

Во меѓувреме, продолжува интернационалната турнеја на стилскиот модел кој од своето деби на 30 август 2023 година, е дел од значајни интернационални автомобилски манифестации. Меѓу нив, конкурсот за елеганција на Вила д’Есте, на кој ја доби наградата за дизајн на концепт “Design concept award”, и најновото учество на Фестивалот на брзината во Гудвуд на кој, пред јавноста, дебитираше овој вонсериски автомобил надвор од границите на Италија.