Alfa Romeo 33 Stradale дебитира во Обединетото Кралство на Гудвуд - фестивалот на брзината

Оваа година, на фестивалот на брзината во Гудвуд ќе учествува и Алфа Ромео, со дебитанскиот настап на Alfa Romeo 33 Stradale на меѓународниот настан, отворен за јавноста, надвор од границите на Италија. За само неколку дена Alfa Romeo Junior ќе има динамично деби, проследено од меѓународниот печат, на посебниот дел, наменет исклучиво на електрифицираните автомобили: „Electric Avenue“. 

Гудвуд – автомобилска писта од светска класа

За прв пат се одржа во 1993 година и првично беше наменет само на олдтајмерите, фестивалот Гудвуд, настан кој не смее да се пропушти, низ годините стана центар на светско ниво за сите вљубеници во автомобилската култура. Од 2000-та, учество на фестивалот земаа и актуелни модели, вклучува изложби, парада и специјални пробни возења на кои учествуваат различни типови на автомобили, од историските до болиди од Формула 1.

Од оваа причина, големите производители на автомобили овој настан го сметаат за меѓународна изложба на најновите иновации: оваа година Алфа Ромео, за прв пат надвор од Италија и на настан отворен за јавноста, го претставува новиот специјално изработен 33 Stradale и новиот компактен Junior. 

 

Alfa Romeo 33 Stradale

Alfa Romeo 33 Stradale ќе биде изложен во делот „Supercar Paddock“ за целото времетраење на настанот. Пред неколку недели беше протагонист на уште еден познат меѓународен настан, „Конкурсот за елеганција Вила д'Есте“, каде се избираат најубавите историски автомобили од 1929 година, а од 2002 година и најфасцинантните прототипови. Новиот Alfa Romeo 33 Stradale ја освои посакуваната титула Design Concept Award, потврдувајќи се како уметничко дело во движење. Новиот 33 Stradale го претставува „манифестот“ на марката, во однос на стилот, технологијата и уживањето при возење. Специјалната серија произлегува директно од Tipo 33, значајно име во светскиот автомобилизам и икона од ‘60-тите, кој и денес се смета за еден од најубавите автомобили на сите времиња. Направен во само 33 ексклузивни примероци, новото купе „двосед“ ги комбинира наследството и иднината и е произведено со ексклузивен филигрански процес, токму како што се случи во ренесансните работилници или во работилниците на познатите италијански каросеристи во ‘60-тите. 

Alfa Romeo Junior

Новиот спортски компактен автомобил Alfa Romeo Junior првиот автомобил опремен со целосно електричен мотор ќе биде претставен и на Фестивалот на брзината, на посебниот дел од настанот, наречен: “Electric Avenue”. Alfa Romeo Junior е спортски автомобил, компактен по големина и со препознатлив италијански стил на прв поглед. ELECTRIC е достапен со две нивоа на моќност, 156 КС или помоќниот 280 КС. Двете верзии го претставуваат врвот на спортската ДНК на Алфа Ромео која, со автомобил за секојдневието, сакаше да се зацврсти, според традицијата, со најдобрата возна динамика во класата и да го донесе типичното Алфа Ромео уживање во возењето во компактниот сегмент, благодарение на специфичните технички решенија кои произлегуваат од развојниот процес координиран од истиот тим италијански инженери кои ги создадоа извонредните проекти во не така дамнешното минато. (Giulia GTA, 4C, Giulia и Stelvio Quadrifolgio, 4C).

 

12 јули 2024 г.