ALFA ROMEO ПОЛНИ 115 ГОДИНИ

На 24-ти јуни, Alfa Romeo ќе прослави 115 години од нејзиното основање. За оваа пригода, Марката одлучи да изработи славеничко лого што му оддава почит на извонредното наследство од страст и италијански спортски стил, спојувајќи ја историјата со иновациите во еден легендарен симбол.

 

Пригодата за откривање на славеничкото лого е посебна. Овие денови славиме јубилеј на два легендарни моменти: историската победа на трката Миле Милја - Илјада милји - во 1930 година со Тацио Нуволари и дебито на Quadrifoglio на трката Тарга Флорио во 1923 година - настани кои засекогаш ќе останат врежани во срцето на секој обожавател на Alfa Romeo и кои совршено ја отсликуваат смелоста и гордоста на италијанската марка.

 

Логото е повеќе од само оддавање почит на овие настани. Со својот впечатлив дизајн, тоа ги отсликува амбициите на Alfa Romeo и безмилосната желба за иновации, спојувајќи ги минатото и иднината, потеклото и визијата. Тоа е смел израз за сето она што Марката отсекогаш го правела: да се развива, да му пркоси на времето и да го предизвикува невозможното. Вчера, денес и утре - дух што е отелотворен во нашиот манифест на четири тркала: неверојатниот 33 Stradale.