АLFA ROMEO Ф1 ТИМ ОРЛЕН:
СТРАСТ ШТО БЛИКА “ОД ДРУГАТА
СТРАНА НА ВИДЛИВОТО”


Аlfa Romeo претставува “Beyond the Visible” („Од другата страна на  видливото“), документарна серија која ù открива на широката јавност што се случува “зад сцената и пошироко” на Аlfa Romeo Ф1 тим ОРЛЕН.

Страста, професионалноста и случувањата познати само на тимот, сега се претставени и на пошироката јавност, благодарение на иновативниот проект којшто со самиот наслов ја открива својата мисија.

Објавени се вкупно пет епизоди на социјалните канали на Марката, како дел од документарната серија која ги воодушевува и оние кои не се експерти за Формула 1. Може да се погледне на официјалниот YouTube канал на Аlfa Romeo.

Формула 1 претставува највисок израз на мотористичките спортови. Перформансите достигнуваат највисоко ниво, место каде илијадитиот дел од секундата е пресуден за успех или пак достигнување. И најмалиот детаљ, насочен кон подобрување на перформансите е резултат на постојана и непрекината работа и развој. Секако, тука е и страста и напорната работа на професионалците механичари, инжењери, менаџери и секако, рацете цврсто на волан и ногата на педалот за гас стиснат до крај, оние, на возачите.

И најмалиот дел од овој циркус влегува во домовите. Токму затоа, Аlfa Romeo реши да ù го прикаже на јавноста и она “од другата страна на видливото” така што може да се видат помалку познатите моменти и сето она што реално се случува кога рефлекторите се згаснати, а на патеките
ја нема вревата од моторите на возилата, ниту пак возачите со најразнобојни кациги во огноотпорни одела.

Така е создадена новата документарна серија „Beyond the Visible“ односно „Од другата страна на видливото“, целосно дигитален проект кој го раскажува случувањето зад сцената, но и пошироко, за доживувањата на
Аlfa Romeo во Формула 1. За прв пат, фановите ширум светот и сите оние, кои едноставно се само љубопитни, кои не ја следат Ф1, ќе имаат можност да ја знаат заднината на тркачките викенди и сложеното секојдневие на возачите и техничарите. Но, тоа не е сè: прикажани се и оние нешта кои го даваат видливото: од стратешките одлуки до дизајнот на едноседите и моторите, минувањето низ многу комплицирана логистика, иновативни технолошки решенија и бесконечни ресурси вложени во истражување и развој.

Серијата ја изработи продукциската куќа Lunartic Productions, се состои од пет епизоди снимени во текот на сезоната 2022 кои ќе бидат објавени на официјалните социјални канали на Аlfa Romeo. Трејлерот го објавува проектот којшто Марката бескрајно го посакуваше и во кој се вклучени возачите Валтери Ботас и Жу Гуанју, како и сите професионалци на Аlfa Romeo Ф1 тим ОРЛЕН. А тука, од другата страна на “видливото” на квалификациите и на трките, учествуваат околу 80 лица, тука е цела екипа од преку 500 специјалисти која непрекинати работи во Хунвил, со една единствена цел: да се победи на најгледаната моротистичка трка на светот, притоа гарантирајќи забава, безбедност и максимална брзина.

Се поаѓа од потребите на возачите: што да јадат, како да тренираат, какви стратегии проучуваат и како се опуштаат пред трката. А, механичарите: која диета ја следат и каква е нивната подготовка? И сите оние полиња кои се надвор од видеокругот на гледачите, но кои имаат суштинска улога во Формула 1: логистиката и планирањето, на пример, како да се изведе превозот на луѓето и деловите, алатот, за најкратко време, од една до друга страна на светот. Или пак, која е важноста на “jet lag”, што на многумина може да им се чини беззначајно, но во циркусот на Ф1 претставува услов за да се доведат перформансите до најдоброто.

Но, „Beyond the visible“ не запира тука. Сè што се крие зад „видливото“ го вклучува и манијакалниот труд, вложен во изработување на аеродинамика и стратегии за трката, два аспекта кои, често, намерно се чуваат во тајност, но
cе суштински за постигнување на целите: затоа што, седнувањето зад воланот на еден болид, кој нуди исклучителни перформанси во секакви временски услови и на сосема различни патеки, е резултат на непрекината и педантна работа. За да може јавноста да сфати како е дизајниран и нацртан едноседот и кои се врските помеѓу Ф1 и „механичките креации“ на Алфа Ромео од денес и иднината. На истиот начин, ќе биде покажано како се проучуваат правилата на Ф1 и кој е клучниот елемент за да се биде подобар од противниците.

Авангардната технологија која игра суштинска улога во Формула 1, многу  често се поврзува со технологијата на НАСА. Затоа, во документарната серија ќе бидат прикажани сличностите меѓу овие две „лаборатории“ кои се во првите редови на технолошките иновации. Конечно, патеката Монца, познатиот „Храм на брзината“ кој годинава слави 100 години од своето постоење, ќе биде протагонист на проектот „Beyond the Visible“ кој ќе ги открие тајните и позадината на еден од најочекуваните настани во Формула 1.

Емоциите ќе бидат исклучително силни. Се работи за Страст. А Аlfa Romeo, кој ја направи страста темел на нејзината ДНК на благороден италијански спортски дух од 1910 година, реши да ја сподели со сите оние, обожаватели на трките или пак само љубопитни, кои сакаат да ја откријат автентичната суштина на Формула 1, највисокиот израз на моторспортот, чие прво издание го освои Аlfa Romeo во 1950 година. Тоа е нераскинлива врска, којашто новата документарна серија „Beyond the Visible“ дополнително ја зајакнува, во име на оние вредности на извонредност и спортски својства на легендарната историја на Аlfa Romeo.

Кристијано Фиорио, директор на Аlfa Romeo Ф1
“Beyond the visible” е амбициозен проект создаден од силната потреба да се пренесе сè што не се гледа во Ф1, во домовите на луѓето. Сè она што се случува во позадината за време на викендите кога се одржуваат трките, за тоа како се крева адреналинот, за страсните професионалци кои неуморно работат, со единствена цел, да се претстават на највисоко ниво. Постојаниот предизвик кој сакаме да го раскажеме на сиот наш свет на обожаватели. Од развојот на болидот до атлетската и менталната подготовка на нашите возачи, од сложената меѓународна логистика до стратешките избори кои стојат зад резултатот на патеката. Формула 1 е највисокиот израз на моторните трки, природно живеалиште на Аlfa Romeo, Марката која од 1910 година го претставува благородниот италијански спортски дух.