Периодично сервисирање и одржување

Правилното одржување на возилото е од исклучителна важност за да се обезбеди Вашето возило да работи во оптимални услови и да ги задржи своите перформанси во што подолг временски период.

 

Заради тоа производителот препорачува програма за одржување на возилото,која се состои од точно дефинирани контроли кои треба да се извршат во определен временски период. Доколку возилото се користи поинтензивно, овие контроли треба да се вршат по одредениот број на изминати километри. Контролите неведени во програмата за сервисирање, се дадени во упатството за користење и се поделени на:

 

одржувачко – сервисни операции кои се вршат на (30.000) 40.000, (60.000) 80.000, (90.000) 80.000, (90.000) 120.000, 160.000 км (или на 24,48 и 72 месеци) и во подмачувачко – контролни операции кои се вршат на (15.000) 20.000, (45.000) 60.000, (75.000) 100.000, (105.000) 140.000, 180.000 км (или на 12,36 и 60 месеци).

 

Одржувачко специфичните операции кои се специфични за секоја етапа од програмата за одржување во однос на изминатите километри, наведени во упатството за користење на возилото.

 

Овие податоци се од општа природа и  можно е истите  да не ја покриваат целосно потребната  контрола на Вашето возило.

 

Истите не ја исклучуваат потребата периодично да се изврши проверка, да се дополни течност или да се заменат делови кои со нормална употреба се трошат, а истите се третираат како потрошни материјали, кои не спаѓаат во гаранциски поправки. Такви се, на пример: облоги на кочници, пневматици, спојки ( корпа, ламела и потисен лагер), свеќички за палење, разводници, сијалички, метлички на бришачи и сл, согласно спецификациите наведени во Упатството за користење на возилото.

 

Доколку за време на програмираното сервисирање се констатира потреба од поправка на Вашето возило, сервисерот е должен да побара Ваша дозвола за нејзино извршување. Километрите наведени на сервисните купони се однесуваат на оние кои ги покажува километражата на возилото. Доколку овој инструмент е заменет поради некоја причина останатите купони треба да се пресметаат согласно новата состојба на километражата.

 

Вредноста на материјалот, резервните делови и работната рака за извршената работа за програмираното сервисирање или за работа за кои, сервисерот дополнително ќе биде овластен од страна на сопственикот на возилото, ќе бидат во согласност со важечкиот ценовник на сервисната мрежа на Аутомобиле СК.

 

Програмата за одржување е направена така што овозможува максимална трајност на возилото. Заради тоа од интерес на сопственикот е при евентуална препродажба на возилото, Гарантната книшка со заверените сервисни купони од страна на сервисната мрежа на Аутомобиле СК да се достави до новиот сопственик, како доказ дека возилото е правилно одржувано.

 

Почитувањето на програмата за одржување на единствениот фактор кој ја одредува трајноста на возилото. Од голема важност е правилното користење и соодветната заштита на возилото.