Во Балоко оживува Alfa Romeo Milano, ќе дебитира на 10 април.

Меѓу ѕидовите на домот, во историскиот центар за тестирање на Alfa Romeo во Балоко, италијанската екипа инженери на Alfa Romeo, ги интензивира последните фази на развојот на Alfa Romeo Milano.

Светското претставување на Alfa Romeo Milano сега има и датум: 10 април.

Развојот на Milano е во последните фази на проценување, под експертското водство на истата екипа инженери која ги создаде единствените проекти како што се 4C, 8C, Giulia & Stelvio Quadrifoglio, Giulia GTA, и на проектот кој во моментов е во фаза на развој 33 Stradale. Истите личности кои ги поднесоа барањата за проектот.

Таргетот и целите се исти како и секогаш: најдобра управливост и најдобра динамика на возење во категоријата.

 

Во експерименталниот центар Балоко се одвиваат развојните тестирања на моделот на Alfa Romeo Milano, малиот спортски автомобил, осмислен и дизајниран од страна на маестралните проектанти на Стилскиот Центар на Alfa Romeo.  Milano ќе биде претставен на 10 април на настан кој ќе се одржи токму во градот по кој го доби името, Милано, и ќе биде пренесуван во живо за сите оние кои сакаат да бидат дел од него.

Под стручното водство на екипата италијански инженери, 100%-тни учесници на извонредните проекти на Alfa Romeo (како што се 4C, 8C, Giulia и Stelvio Quadrifoglio и Giulia GTA), се изведе проектот Milano, автомобил што ќе ја воведе Alfa Romeo во светот на 100% електрични возила. Развојните стратегии се координирани од италијанската екипа инженери на Alfa Romeo на пробната писта Балоко, каде што тест возачите имаат идеални услови за тестирање на автомобилот, следејќи ги барањата и целите на динамичните инженери на Alfa Romeo, одговорни за вреднување на проектот.

Под водство на експертот Доменико Бањаско, одговорен за проценка на динамичната синтеза на возилото, поставеноста на моделот Milano, се стреми кон извонредност, нешта кои отсекогаш го карактеризирале секој модел на Alfa Romeo. Во текот на кариерата Доменико Бањаско бил дел од екипите кои развија различни спортски автомобили Alfa Romeo и влегоа во заедничката мисла како манифест на уживање во возењето и спортската страна на марката: незаборавниот 8C, бруталниот 4C, легендарната Giulia GTA и многу други.

Екипата е фокусирана на дефинирање на одлична динамика со специфични интервенции насочени кон групата за сузпензија. На крајот добивме препознатлива возна динамика благодарение на директното и исклучително прецизно управување кое гарантира брзо влегување во свиок со високо ниво на прилепување.

Шеф на проектот е Стефано Череда, долгогодишен учесник во проектите на Alfa Romeo. На самиот почеток од развојот на дизел моторите за моделите Giulia и Stelvio, Стефано Череда го имаше своето деби во Alfa Romeo, земајќи учество во проектот Џорџо (Giorgio), запаметен по доверливите методи со кои исклучителноста на инженерството на Аlfa Romeo беше тајно применета за да го оживее највеличествениот развоен проект, реализиран последниве децении. Пред гордо да го пречека раководството на проектот Milano, Стефано го започна развојот на Plug-In Hybrid Q4 моторот на Tonale со 280 КС.

 

Техничкиот развој на возилото го водеше Луиџи Доменикели, италијанскиот експертски инженер чија задача беше да ги интегрира и процени сите потсистеми на возилото во однос на перформансите, трајноста и удобноста. Амбициозните цели на проектот се фокусирани кон обезбедување гаранција не само за препознатливата управливост на Alfa Romeo, туку и на ергономијата која е на врвот во категоријата, благодарение на еден префинет и исклучителен интерфејс човек-машина.